мини|десно|250п|Податочна структура позната како раздробувачка табела Податочна структура — облик на организирање, управување и складирање на податоци којшто овозможува алгоритмички ефикасен пристап и обликување. Попрецизно, податочната структура претставува збирка од податочни вредности, нивните меѓусебни врски, како и функциите и операциите коишто се применуваат на нив.

Примена Податочните структури служат како основа за апстрактни податочни видови. Апстрактниот податочен вид го определува логичкиот облик на податочниот вид. Податочната структура го користи физичкиот облик на податочниот вид.

Различни видови на податочки структури се приспособени за различни видови на примена и некои од нив се високоприспособени за конкретни задачи. Така на пример, релациските бази на податоци користат индекси на В-дрво за повикување на податоците, додека употребата на програмскиот преведувач обично повлекува раздробувачки табели за препознавање на определбите.

Податочните структури обезбедуваат средство за ефикасно управување со големи количини податоци за големи бази на податоци и мрежно индексирање. Обично ефикасните податочни структури се клучни за создавање ефикасни алгоритми. Некои методи и програмски јазици ги претпочитаат податочните структури во однос на алгоритмите како клучен организациски чинител во создавањето на програмска опрема. Податочните структури може да се користат и за организирање на складот и повикувањето информации складирани во првостепеното и второстепено сметачко памтење.

Употреба Податочните структури главно се засноваат врз способноста на сметачот да повика и складира податоци било каде во неговото памтење, што е определено со покажувачот, т.е. низа како претстава за памтечка адреса којашто може да биде складирана во сметачкото памтење и изменувана од страна на програмот. Со тоа, низите и записите на податочните структури се засноваат врз пресметување на адресите на податочните ставки со аритметички операции, додека поврзаните податочни структури се засноваат врз складишни адреси на податочки ставки во самата структура.

Употребата на податочната структура обично бара впишување на множество постапки коишто создаваат и изменуваат примери од самата структура. Ефикасноста на податочната структура не може да бидат анализирани одвоени од другите операции. Ова набљудување го мотивира теоретскиот концепт на апстрактен податочен вид, т.е. податочна структура којашто е посредно определена од операциите коишто може да бидат спроведени на неа, и математички својства на операциите (вклучувајќи ги трошоците за простор и време).

Наводи

Користена литература Peter Brass, Advanced Data Structures, Cambridge University Press, 2008, Donald Knuth, The Art of Computer Programming, vol. 1. Addison-Wesley, 3rd edition, 1997, Dinesh Mehta and Sartaj Sahni, Handbook of Data Structures and Applications, Chapman and Hall/CRC Press, 2004, Niklaus Wirth, Algorithms and Data Structures, Prentice Hall, 1985,

Препорачана литература Alfred Aho, John Hopcroft, and Jeffrey Ullman, Data Structures and Algorithms, Addison-Wesley, 1983, G. H. Gonnet and R. Baeza-Yates, Handbook of Algorithms and Data Structures - in Pascal and C, second edition, Addison-Wesley, 1991, Ellis Horowitz and Sartaj Sahni, Fundamentals of Data Structures in Pascal, Computer Science Press, 1984,

Надворешни врски

Описи во Речник на алгоритми и податочни структури Обука за податочни структури Испитување наподаточните структури од гледиште на .NET Schaffer, C. Data Structures and Algorithm Analysis