Богиња Гучева (моминско: Владиславова; Куманово, 30 март 1927 - Скопје, 8 август 2005) — македонски универзитетски професор и ревматолог.
Животопис Богиња Гучева дипломирала на Медицинскиот факултет во Белград, а специјализирала интерна медицина во Скопје. Повеќе години работела на Одделот и Клиниката за нефрологија и учествувала во воведувањето лекување со хемодијализа. Професионалниот живот го продолжила на Клиниката за ревматологија како нејзин соосновач, заедно со професорот Д. Арсов, и долгогодишен директор. Вовела поголем број на методи за дијагноза и терапија на ревматолошки болести.
Наводи
Категорија:Македонски медицински работници Категорија:Македонски ревматолози Категорија:Македонски универзитетски професори