Брестовата пеперуга (Satyrium w-album) — пеперуга од семејството на пеперуги синци, од видот опашкари. Пеперугата ја има и во Македонија.

Опис Оваа пеперуга е по обем мала. Пеперугата е кафена и повеќето од својот живот го поминува високо во крошните на дрвјата. Најдобро може да се види со помош на двоглед. Горниот дел од крилјата е кафеав со мала портокалова дамка во задниот дел. Кај мажјаците има мала бледа дамка во предниот дел. Долниот дел на пеперугата е светлокафена со мала бела линија. Има бела линија во цик-цак форма. Пеперугата има две мали опашки, кои кај женките се поголеми. Секогаш се одмораат со затворени крилја.

Јајцето на пеперугата е полуокругло. Ларвите опстојуваат до јуни, возрасните единки се зелени и кафеави глави. Куклите се формираат на труп или блиски земјата. Куклите се жолтеникаво-кафени. Пеперугите летаат во јули и август.Seitz, A. Seitz, A. ed. Band 1: Abt. 1, Die Großschmetterlinge des palaearktischen Faunengebietes, Die palaearktischen Tagfalter, 1909, 379 Seiten, mit 89 kolorierten Tafeln (3470 Figuren)

Распространетост Пеперугата е расширена во северната полутопка. Пеперугата може да се најде во скоро цела Европа, па сè до Јапонија. Ја нема во Северна Америка.

Галерија

Наводи

(1992). The White-letter Hairstreak Butterfly. Butterfly Conservation, Colchester, UK, pp. 27. The Vale Royal White-letter Hairstreak Project Cheshire Wildlife Trust, UK.

Поврзано Пеперуги во Македонија

Категорија:Опашкари (пеперутки) Категорија:Инсекти на Македонија