Старецот (Cephalocereus senilis) е име на кактус од видот правоиздигнати кактуси (Cephalocereus). Кактусот е ендемски во сојузните држави Гванахуато и Идалго во Мексико. Овој вид на кактуси е под сериозна опасност од исчезнување во природната средина поради котролираното одгледување и потрошувачка како украсно растение.

Опис Старецот е високо, столбесто растение. Кактусот може да расте од 5 до 15 метри. Стеблото најчесто нема гранки, бидејќи не може соодветно да ја издржи страничната тежина. Највпечатлива одлика кај овој кактус е растресените долги бели влакна, налик на волна. Оваа „волна“ е особено забележителна кај младите примероци. Како што старее, влакната опаѓаат. Цветовите се црвени, жолти или бели. Кактусот може да нема цветови првите 10 или 20 години. Влакната се изменети боцки и тие го штитат кактусот од смрзнување или преголема жештина. Под белата прекривка има остри помали боцки, најчесто жолтеникави.

Одгледување Кактусот е доста популарен вид за одгледување како украсно растение. Тоа се должи поради неговиот бел изглед. Овој кактус сака добро дренирана почва, посува и од другите кактуси.

Наводи

Надворешни врски

Mauseth Research Гванахуато ботаничка градина Американска ботанича градина Фотографии

Категорија:Правоиздигнати кактуси