SARS-CoV-2 (, во превод: Тежок остар дишен синдром коронавирус 2) — заразен вирус што ја предизвикува острата дишна болест КОВИД-19. Овој вирус е причинител за пандемијата од новиот коронавирус. Геномското секвенцирање покажало дека тој е позитивен, едноланчен РНК-коронавирус.

Многуте претходни случаи биле поврзани со големиот пазар на морски плодови и животни во Вухан, Кина, а се смета дека вирусот има животинско потекло. Следењето на генетските секвенци на овој вирус и другите примероци на вируси покажало сличност со SARS-CoV (79,5 %) и коронавирус на лилјаци (96 %). Поради тоа се смета дека потеклото на вирусот најверојатно доаѓа од лилјаци, иако и потеклото од ракови не е исклучено.

Како би се избегнала забуна со болеста SARS, Светската здравствена организација во својте јавни изјави го нарекува вирусот како "вирус кој ја предизвикал болеста COVID-19".

Вирологија Преносот од човек на човек е потврден во текот на пандемијата на новиот коронавирус SARS-CoV-2. Се пренесува преку дишни капки од кашлање во распон од околу 1,8 м. Заразата може да се пренесе и индиректно преку загадени површини.

Исто така е можна и зараза во текот на инкубацискиот период на вирусот, но тоа сè уште не е докажано во потполност, така што таквата врста на пренесување не е распространета, и инфекциите се во целост последица на пренесување на вирусот од пациенти што имаат вистински симптоми на болеста COVID-19.

Галерија Електорнски микрографи на SARS-CoV-2

Поврзано Коронавирус COVID-19 Пандемија на коронавирус 2019-2020

Наводи

Надворешни врски

Мерки за спречување на инфекцијата – zzjzfbih.ba

Категорија:Пандемија на КОВИД-19