39 Лебед — двоен систем во близина на јужната граница на северното соѕвездие Лебед, на растојание приближно од 250 светлосни години од Земјата. Може да се забележи со голо око како портокалова ѕвезда со привидна ѕвездена величина од 4,43. Системот се приближува кон Сонцето со околусончева радијална брзина од −17 км/с.

Станува збор за спектроскопска двојна ѕвезда со орбитален период од околу и занесеност од 0,5. Предвидена е голема полуоска околу првичната ѕвезда од , што дава долна граница на раздвоеноста меѓу ѕвездите. Се проценува дека староста на системот изнесува 4 милијарди години.

Составницата која може да се набљудува е развиена портокалова џиновска ѕвезда со ѕвездена класификација ; додавката укажува на намаленото присуство на железо во спектарот. Најверојатно е на хоризонталната гранка, фузионирајќи хелиум во јадрото, но можно е и да е на гранката на црвени џинови фузионирајќи го водородот во обвивката околу хелиумовото јадро. Масата е за 1,3 пати поголема од Сончевата маса и се проширила на растојание 22 пати поголемо од Сончевиот полупречник. Твездата зрачи со сјајност 186 пати поголема од Сончевата сјајност од зголемената фотосфера при делотворна температура од 4.259 K.

Составницата која не може да се забележи е најверојатно ѕвезда на главната низа од спектрален тип F или среден-K, а можно е и да станува збор за бело џуџе. Нејзината маса е 0,7–1,0 пати од масата на Сонцето.

Наводи

Категорија:Портокалови џинови Категорија:Спектроскопски двојни ѕвезди Категорија:Лебед (соѕвездие) Категорија:Тела од Бонскиот преглед Лебед, 39 194317 100587 7806