мини|Лого на филмот Одмаздници: Завршница (), во некои преводи Одмаздници: Крај на игрите — филм од 2019 година со режија на браќата Ентони и Џо Русо.
Заснован врз групата суперхерои на Marvel Comics Одмаздници, филмот е продолжение на Avengers: Infinity War (2018) и е 22-ри филм од Кинематичкиот Универзум на Марвел. Изработен е од Марвел Студио и е дистрибуирана од Волт Дизни Студио Мошон Пикчурес. Сценариото на филмот е напишано од Кристофер Маркус и Стивен Мекфијли, а филмот вклучува главни глумци во кој се вклучени од претходните филмови од КУМ.
Филмот беше најавен во октомври 2014 година под наслов „ Одмаздници: Бојна на бесконечноста - Дел 2“. Во април 2015 година беше најавено учеството на браќата Русо во режија, додека во мај беше објавено дека Маркус и Мекфили ќе работат на сценариото. Во јули 2016 година, Марвел го повлече претходниот наслов, осврнувајќи се на проектот едноставно како „безнимен филм за Одмаздниците“. Конечниот наслов на филмот, Одмаздници: Крај на игрите, беше најавен на 7 декември 2018 година со објавувањето на првиот трејлер.
Филмот беше голем успех кај критичарите и публиката, постигнувајќи бројни рекорди со продажбата на билети, станувајќи најголем приход во историјата на филмот, и беше номиниран за неколку филмски награди, вклучувајќи го и Оскарот за најдобри специјални ефекти.
Крај на игрите е директен продолжеток на Одмаздници: Војна на бесконечноста, преживеаната половина на универзумот бара одмазда од Танос под мотото "Avenge the fallen"
Наводи
Категорија:Филмови со патување низ времето Категорија:Авантуристички филмови Категорија:Научнофантастични филмови Категорија:Акциони филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 2019 година Категорија:Американски 3D-филмови Категорија:Американски суперхеројски филмови Категорија:Американски научнофантастични акциони филмови