Оахака (, ) — сојузна држава на југ од Мексико.

На север се граничи со државите Пуебла и Веракрус, на запад со Гереро, на исток со Чијапас, додека на југ е Тихи Океан. Површината на државата е 94.000 км2 и има 4 милиони жители.

Истоимениот главен град Оахака де Хуарез (Oaxaca de Juárez) има 259.600 жители и познат е познат по својата колонијална архитектура. Уделот на индијанското население е висок, а во најголем дел се работи за заедниците Запотеци, Микстеци и Мазатеци.

Најпознати остатоци од градови од периодот пред доаѓањето на Европејците се Монте Албан и Митла. Шпанците го зазеле ова подрачје во 1521 година. Држава Оахака била создадена во 1823 година.

Како еден од посиромашните делови на Мексико, државата Оахака е центар на социјални и движења на домородците, чести се протестите и демонстрациите.

Наводи

Надворешни врски

Официјално мрежно место

Категорија:Држави и територии настанати во 1823 година Категорија:Сојузни држави во Мексико Категорија:Оахака