Кучешко срце (руски: Собачье сердце) - советски филм од 1988 година, во режија на Владимир Вортко според сценариото на Наталија Бортко, засновани врз истоимената книга на Михаил Булгаков. Главните улоги ги граат: Евгениј Евстигнеев, Владимир Толокоников, Борис Плотников, Роман Карцев, Нина Русланова, Олга Мелихова итн...

Синопсис Славниот научник, професорот Филип Филипович Преображенски (го игра Евстигнеев) во својот дом доведува куче-скитник, со намера да направи револуционерен експеримент. Набргу, тој и неговиот помошник, д-р Борментал (го игра Плотников) ја изведуваат операцијата во која во мозокот на кучето пресадуваат хипофиза на човек. На нивно големо изненадување, кучето постепено се претвора во човек (го игра Толокоников) и тоа предизвикува сензација во научните кругови. Меѓутоа, постепено, човекот, кој го зема името Полиграф Полиграфович Шариков, почнува да се однесува непримерно: зборува непристојно, ги напаѓа слугинките во куќата на професорот, се опива, а почнува и да ги бара своите права. Најпосле, Шариков се вработува како шеф на службата за отстранување на мачките-скитници. Трпението на професорот Преображенски е при крајот и тој му наредува на Шариков да го напушти станот. Меѓутоа, Шариков му се заканува со револвер и тогаш професорот и д-р Борментал повторно му прават операција. Откако Шариков не се појавува на работа неколку дена, во станот на професорот доаѓа милицијата со обвинение за убиство, но тој им го покажува кучето, објаснувајќи дека Шариков повторно се претворил во куче.IMDb, Heart of a Dog (1988) (пристапено на 21.3.2020)

Надворешни врски A DOG'S HEART „Кучешко срце“ на YouTube Наводи

Категорија: Филмови со Владимир Толокоников Категорија: Филмови со Борис Плотников Категорија: Филмови со Роман Карцев Категорија: Филмови со Нина Русланова Категорија: Филмови со Олга Мелихова Категорија: Филмови со Евгениј Евстигнеев Категорија: Филмови на Владимир Вортко Категорија: Филмови на руски јазик Категорија: Филмови од 1988 година Категорија: Руски филмови Категорија: Советски филмови Категорија: Црно-бели филмови Категорија: Филмови чие дејствие се одвива во Москва Категорија: Филмови за кучиња Категорија: Филмови засновани на книги