Кватр (англиски: Quatre) е мал ненаселен остров во Карипското Море. Кватр е дел од групата на острови Гренадини во островската држава Свети Винцент и Гренадини. Околу островот се наоѓаат карпите Вест Енд, Блек Рок и Белинс Рок.
Географија Кватр се наоѓа јужно од поголемиот остров Бекија и Петит Невис. На 8 километри југоисточно од островот се наоѓаат островите Мустик, кои се популарна туристичка атракција. Јужно од Кватр е малиот ненаселен остров Пиџин. Кватр има вкупна површина од 1,52 км2. Островот е дол 3 км, а широк од 250 до 950 метри. Највисока точка на островот изнесува 146 метри надморска висина. Просечна висина е 38 метри
Сопствеништво Островот е приватен и повеќе од сто години е во сопствеништво на едно семејство Мичел, поранешни капетани, кои делумно го даваат островот за туристички развој.
Наводи
Надворешни врски Приватни острови на продажба: Кварт
Категорија:Острови во Свети Винцент и Гренадини Категорија:Гренадини Категорија:Приватни острови