Кануан (англиски: Canouan) е остров во Карипското Море. Островот е дел од островската група Гренадини, во островската држава Свети Винцент и Гренадини. На југот од островот има две мали островчиња Лилот и Кануан Бален.
Географија Островот е мал, со должина од 5,6 км и ширина од 2 км. Вкупната површина на островот е 7,6 км2. Вкупното население на островот се движи некаде околу 1700 жители..
Покрај атлантскиот брег на островот има корален гребен. Највисока точка на островот е Маунт Ројал. Островот има два големи залива, Френдшип и Глоси. Островот се наоѓа на 40 километри јужно од Свети Винцент.
Клима Просечната дневна температура на островот е . Најсушни месеци се од декември до мај, а најладни се од ноември до февруари.
Сообраќај
Островот има аеродром, Аеродром Кануан, кој врши летови до околните острови. Пистата во скоро време е проширена и може да се користи и за големи авиони.
Покрај воздушниот, жителите го користат и морскиот собраќај. Има редовни линии до околните острови, особено до Свети Винцент. Скоро е модернизиран овој транспорт и за еден час се стигнува до Свети Винцент, за разлика од минатото кога се патувало околу 2 или 3 часа.
Наводи
Литература Gonsalves, Ralph E. History and the Future: A Caribbean Perspective. Quik-Print, Kingstown, St. Vincent, January 1994. Berkmoes, Ryan, Ver and Raub, Kevin (2011). Caribbean Islands, 6th Edition. Lonely Planet. .
Надворешни врски Кануан Остров Кануан
Категорија:Острови во Свети Винцент и Гренадини Категорија:Гренадини