мини|алт=Таско на настап|Таско на настап мини|Таско настапува Христијан Тасковски (често Кристијан Тасковски), подобро познат како Таско (р. 25 февруари 1996 година во Скопје) — македонски рапер и текстописец.

Животопис Христијан Тасковски е роден на 25 февруари 1996 година во Скопје. Како дете, тој започнал да пишува поезија и да победува на натпревари за текстопис. Завршил средно училиште за електротехника во родниот град. После тоа, тој се запишал на еден, а потоа и на друг факултет, но не ги завршил студиите, туку се посветил на музиката.

Започнал да се занимава со музика во 2011 година кога ја снимил својата прва песна, набргу потоа се запознал со Тракер и започнал да соработува со Urban Records. Тој го направил своето деби на музичката сцена во 2016 година со соработка со Мартин Петровски на песната Ламбурџини. Станал познат во пошироката македонска јавност по објавувањето на синглот Рутина во април 2018 година. Во текот на таа година, следувале соработки со Тракер и 2Бона, со кои објавил неколку песни. Во април 2019 година објавил дует со Слаткаристика под името Марадона.

Таско во текот на 2019 година имал турнеја низ Македонија, па во текот на летото одржал концерт во Охрид со Раста и Маја Берович, а во ноември со Раста, Римски и Корона одржал концерт во спортската сала Борис Трајковски во Скопје.

Покрај музиката, Таско се занимава и со мода — тој е заштитно лице на компанијата Најк во Македонија и учествувал во претставувањето на новата колекција Nike Air Max Throwback Future Pack во текот на април 2019 година.

Со оглед на зголемената популарност во регионот, Таско во 2019 година започнал да соработува со музичари надвор од Македонија, а во февруари 2020 година го издал дуетот Балкан Банда со босанскиот музичар Инас, а еден месец подоцна и песната Ди Каприо со Фокс.

Дискографија

Наводи

Надворешни врски Таско на мрежното место Deezer

Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски хип-хоп музичари Категорија:Родени во 1996 година