Алпај Озалан (роден на 29 мај 1973, во Измир) — турски фудбалски тренер и поранешен фудбалер, играч од одбраната. По завршувањето на играчката и тренерската кариера станал политичар.

Клупска кариера Озалан својата кариера ја започнал во 1992 година, со екипата на Алтај. Само една година подоцна, тој се преселил во Бешикташ, една од трите најуспешни турски екипи. Тука тој останал шест сезони: одиграл 148 натпревари во првата лига на Турција, постигнал 9 голови и освоил едно првенство (во 1994-1995) и два национални купа. Во 1999 бил продаден на Фенербахче, за кој одиграл една сезона (26 превенствени натпревари и 3 гола) пред да се пресели во странство.

После одличните настапи за својата земја на Европското првенство 2000, Озалан потпишал за англиската Астон Вила што му овозможило да настапува во Премиер лигата, едно од најсилните првенства во светот. Тој останал во Вила три и пол сезони. Сепак, по одличната прва сезона во клубот уследиле проблеми со повреди во следната, а потоа и несогласувања со менаџерот Греам Тејлор и со раководството на клубот по што во октомври 2003 година му бил раскинат договорот.

Откако станал слободен играч многу екипи од Европа биле заинтересирани да го доведат Озалан во својте редови, но тој не сакал да чека до јануари кога требало да биде отворен трансферниот прозорец во Европа, и поради тоа се согласил да потпише договор со јужнокорејскиот Инчеон Јунајтед. Во 2005 година, тој заминал во Јапонија, каде кратко играл за Урава Ред Дајмондс, а во летото истата година се вратил во Европа. Тој потпишал за екипата на Келн за која играл три години, пред да ја заврши кариерата, што се случило на крајот од сезоната 2007-2008.

Репрезентативна кариера За турската репрезентација во периодот од 1995 до 2005 година, Озалан одиграл 90 натпревари и постигнал 4 гола. Три од неговите четири гола ги постигнал во натпреварот против (3-3) во квалификациите за Светското првенство 2002 што бил неговиот прв и единствен хет-трик во кариерата.

Тој ја претставувал својата земја на две Европски првенства (1996 и 2000), на Светското првенство 2002 и на Купот на конфедерации 2003.

Неговиот последен настап за Турција датира од 16 ноември 2005, за време на реванш натпреварот од баражот за Светското првенство 2006 против . Швајцарија, која победила на домашен терен со 2-0, загубила во Истанбул со 4-2, но сепак се квалификувала на првенството поради правилото за гол во гости. По завршувањето на натпреварот избило тепачка помеѓу турските и швајцарските фудбалери. Неколку месеци подоцна, во февруари, ФИФА ги објавила санкциите: Алпај (кој сепак веќе ја напуштил репрезентацијата) бил казнет со шест натпревари не играње.

Хронологија на репрезентативните настапи

Тренерска кариера По завршувањето на играчката кариера, Озалан станал тренер а првото работно место го имал во второлигашот Ескишехирспор на чија клупа седнал во јули 2016. Сепак, во февруари 2017 тој бил отпуштен по тешкиот пораз на домашен терен од Манисаспор со 1-5.http://www.fanatik.com.tr/2017/02/12/eskisehirspor-alpay-ozalan-ile-yollari-ayirdi-1277453 Потоа, тој кратко време од 11 август до 28 септември 2017 ја водел екипата на Самсунспор, која се натпреварувала во истата лига.

Последно тој бил селектор на турската репрезентација под 21 година, која ја водел во само два натпревари со половичен успех една победа и еден пораз.

Тренерска статистика Статистиката е ажурирана на 28 март 2020.

Клубови СезонаЕкипаПрвенствоНационален купКонтинентални куповиОстанати куповиВкупноПобеди %Пласман Натп ОН П Н И Натп ОН П Н И Натп ОН П Н И Натп ОН П Н И ОН П Н И % 2016-2017 Ескишехирспор ТФФ 18 9 5 4 КТ 1 0 0 1 - - - - - - - - - - отпуштен, 4. место 2017-2018 Самсунспор ТФФ 6 1 2 3 КТ 1 0 0 1 - - - - - - - - - - отпуштен, 14. местоВкупно во кариерата 24 10 7 7 2 0 0 2

Репрезентации Сезона Репрезентација Првенство Место Резултати ГоловиОдиграниПобедиНерешениИзгубени победи %ДГПГГР 2018 Турција под 21 Квал. за ЕП 21 4 5 -1

Титули Бешикташ Лига 1 : 1 1999-2000

Куп на Турција : 2 1993-1994, 1997-1998

Урава Ред Дајмондс Куп на Императорот : 1 2005

Политичка кариера На 24 јуни 2018 година тој бил избран од Големото национално собрание на Турција каде што се кандидирал за Партијата за правда и развој.

Наводи

Надворешни врски Алпај Озалан на soccerway Алпај Озалан на transfermarkt Алпај Озалан на espn Алпај Озалан на fbref

Категорија:Живи луѓе Категорија:Турски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Бешикташ Категорија:Фудбалери на ФК Фенербахче Категорија:Фудбалери на ФК Астон Вила Категорија:Фудбалери на ФК Инчон Јунајтед Категорија:Фудбалери на ФК Келн Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Турски фудбалски тренери Категорија:Турски политичари Категорија:Родени во 1973 година