Сер Џејмс Пол Макартни, МБЕ (роден на 18 јуни 1942 година) — англиски пејач и текстописец, еден од основачите и членовите на легендарните „Битлси (Beatles)“. Макартни, заедно со Џон Ленон го формирал едно од најуспешните и највлијателни кант-авторски дуа во музичката историја. По напуштањето на „Битлси“, Макартни започнал успешна кариера како солист и како член на групата која ја формира заедно со својата жена Линда Макартни - „Вингс (Wings)“, што значи крилја.
Макартни е запишан во Гинисовата Книга на Рекорди како најуспешен музичар и композитор во историјата на популарната музика, со преку 60 дискови кои имаат достигнато златен и тираж и со продадени повеќе од 100 милиони албуми и синглови. Неговата антологиска песна "Yesterday" е исто така дел од книгата како песна со најмногу обработки (ја препеале над 2.200 пејачи) и песна која е пуштена повеќе од 7.000.000 пати на американската телевизија и радио. Синглот на „Вингс“ од 1977 година "Mull of Kintyre" станува првиот сингл со повеќе од два милиони продадени копии во Велика Британија, и останува со епитетот најпродаван сè до 1984, кога песната "Do They Know It's Christmas?", на Band Aid избива на првото место. Пол Макартни е еден од членовите на оваа група.
Покрај своето делување во рамките на музичката индустрија, Макартни е исто така сликар како и бранител на животинските права, вегетаријанството, и музичкото образование; активен е во кампањите против мините, против ловењето на фоки како и против осиромашувањето на земјите од Третиот Свет. Макартни е Член на редот на Британската Империја (МБЕ) од 1965, а одликуван е со титулата витез во 1997 година.
Детство
Мекартни е роден на 18 јуни 1942 година, во болницата Валтон во Ливерпул, Англија, каде неговата мајка Мери заврши училиште за медицинска сестра. Неговиот татко Џејмс Мекартни бил отсутен за време на раѓањето на својот син, поради неговата волонтерска работа како пожарникар за време на Втората светска војна. Пол има еден помлад брат,Мајкал (роден 7 јануари 1944).
Основниот носител на приходот во фамилијата била Мери, која работејќи како акушерка им овозможи да се преселат на улицата Фортхлин 20 во Алертон,каде живеат до 1964. Таа возеше велосипед до нејзините пациенти. Макартни опишал ран спомен од нејзиното заминување, ”околу 3 часот наутро улиците...покриени со снег”. На 31 октомври 1956, кога Мекартни беше четиринаест,неговата мајка почина од емболија. Загубата на Мекартни подоцна беше причина за поврзувањето со Џон Ленон, чија мајка Џулија, починала кога тој бил седумнаесет.
Музичка кариера
1957–1960: Кверимен
На 6 јули 1995 година, на 15 годишна возраст, Мекартни го запознава Ленон и неговиот бенд Кверимен, во црквата Св.Петар во Волтон. Бендот Кверимен свиреа комбинација на рокенрол и скифл, еден вид на забавна музика со влијанија на џез, блуз и фолк. Бендот го поканил Мекартни да им се придружи како гитарист за ритам и тој воспоставил близок работен однос со Ленон. Харисон се придружил во 1958 година како прв гитарист, а во 1960 година по него следел Стјуарт Сатклиф на бас, школскиот друг по уметност на Ленон. До мај 1960 година, бендот пробал неколку имиња, вклучувајќи ги и Битлси, Џони и Мундогс и Силвер Битлси. Тие го усвоиле името Битлси во август 1960 година и кратко пред 5-годишниот договор за престој во Хамбур го примиле тапанарот Пит Бест.
1960–1970: Битлси Неформално застапувани од страна на Ален Вилијамс, во 1960 година, во Хамбург, првото настапување на Битлсите беше серија на изведби. Во 1961, Сатклиф го напушти бендот и Мекартни против сопствената желба, стана нивен басист. Битлсите за првпат снимаат професионално додека престојуваат во Хамбург, во чест на Бит Браќата, тие настапуваat како придружен состав на англискот пејач Тони Шеридан, за песната My Bonnie. Со овој настан тие го привлекуваат вниманието на Брајан Епштејн, клучна фигура во нивниот подоцнежен развој и успех. Тој станува нивен менаџер во јануари 1962 година. Ринго Стар го замени Бест во август и бендот во октомври го има нивниот прв хит "Love Me Do", станувајќи популарен во Велика Британија во 1963 и една година подоцна во САД. Хистеријата на нивните обожаватели стана позната како "Битлманија", а новинарите често го именувале како “слаткиот Битл”.
Во 1965 година Битлсите ја издаваат композицијата на Мекартни "Yesterday", која вклучува гудачки квартет. Вклучена на лонгплеј плочата Help!, ова беше првата песна на групата, која беше снимена со употреба на класични елементи и нивен прв запис кој вклучува само еден член од бендот. Песната "Yesterday", е најобработуваната песна во историјата на забавната музика. Подоцна истата година, за време на студиските снимања на албумот Rubber Soul, Мекартни почна да го заменува Ленон како доминанта музичка сила во бендот. Музиколот Ијан Мекдоналд напиша “од ... Мекартни ќе биде доминантен не само како тескстописец, но и како инструменталист, аранжер, продуцент и де факто музички директор. Критичарите го опишаа албумот Rubber Soul како значаен напредок во префинетоста и длабочината на музиката и текстовите на бендот. Она што се смета за највисока точка во каталогот на Битлсите е тоа што, Ленон и Мекартни и двајцата тврдеа дека се главните автори на оваа песна. Мекартни за албумот изјави “имавме добар период и сега дојде време да го прошириме. ”Техничарот за снимање, Норман Смит изјави дека средбите за Rubber Soul откриле знаци на зголемено недоразбирање внатре во бендот: “Конфликтот помеѓу Џон и Пол стануваше се поочигледен…(и) што се однесува до Пол, Џорџ Харисон не можеше да стори ништо, Пол беше премногу пребирлив.”
Првата од трите последователни А-страни на Мекартни, синглот "Paperback Writer" претходеше на издавањето на лонгплеј плочата. Битлсите направиле краток промотивен филм за оваа песна, и друг за неговата Бонус трака, „Rain“. Филмовите,опишани од страна на Харисон како, ”предвесници на видеа” се емитуваа на „The Ed Sullivan Show“ и „Top of the Pops“, во јуни 1966 година. Албумот „Revolver (албум)“ исто така ја вклучуваше песната „Eleanor Rigby“, чие обележје е жичениот октет. Според Гоулд,песната е неокласичен „tour de force“...вистински хибрид којшто не може да се поврзи со кој било препознатлив стил или жанр на песна. Со исклучок на некои придружни вокали, песната го вклучува само вокалот на Мекартни и жиците аранжирани од продуцентот Џорџ Мартин.
Последниот комерцијален концерт на Битлсите беше на крајот од нивната турнија во САД, во 1966 година. Подоцна, истата година Мекартни го заврши својот прв музички проект, без групата- којшто резултираше со британска продукција на филмот The Family Way. Резултатот беше соработка со Мартин, кој употреби две теми на Мекартни, за да напише тринаесет варијации. Саундтракот не успее да стигне до топ листата, но му ја донесе на Макартни наградата Ivor Novello Award за Најдобра Инструментална Тема.
На крајот на изведувачката кариера на бендот, Мекартни почувствува неспокој во бендот и сакаше тиа да ја задржат креативната продуктивност. Тој инсистирал да започнат нов проект, „Sgt. Pepper's Lonely Hearts Club Band“, којшто нашироко бил прифатен како првиот рок концертски албум. Инспириран да создаде уште еден личност за групата, да служи како возило за експериментирање и да им покаже на нивните обожаватели дека тие музички созреале, Мекартни го измисли фиктивниот бенд на насловната песна на албумот.
Како што Мекартни објасни „Навистина ни беше преку глава да бидеме Битлсите.Навистина го мразевме тој пристап со четирите мали „mop-top“.Не бевме деца,ние бевме мажи...и ние себеси се гледаме повеќе како уметници,отколку како само изведувачи.
Почнувајќи во ноември 1966 година, бендот усвои експериментален пристап за време на средбите за снимање на албумот. Според техничарот Геоф Емерик, Битлсите го прифатија ризикот, како музички така и соничен... ние употребувавме многу снимки со различна брзина и други манипулативни техники... ограничувачи и... ефекти како фленгинг и автоматско дупло снимање. Нивното снимање на „A Day in the Life“ наложуваше оркестар составен од четириесет души,со којшто диригираа Мартин и Макартни. Во февруари,на средбите ја создадоа двојната А-страна на песната „Strawberry Fields Forever"/Penny Lane“, додека лонгплеј плочата следуваше во јуни.Песната на Макартни, „She's Leaving Home„ е оркестрална поп песна. Мекдоналд ја опиша песната како најдоброто дело од Sgt. Pepper –трајна,популарна уметност на неговото време. Врз основа на цртежот со мастило од Макартни,лонгплеј плочата вклучуваше и колаж создаден од поп артистите Питер Блејк и Јен Хаворт, вклучувајќи ги Битлсите во костуми,како стојат со познати личности, пред Sgt. Pepper's Lonely Hearts Club Band.
Во август 1967 година,смртта на Епштајн, остави празнина,којашто ги остави Битлсите збунети и загрижени за нивната иднина. Макартни,истапувајќи да го пополни празното место, стана де факто водач и бизнис менаџер на групата, која некогаш ја водеше Ленон.Неговиот прв креативен предлог,после промената на раководството,беше предлогот бендот да продолжи понатаму со своите планови за продуцирање на филм за телевизија,кој требаше да стане Magical Mystery Tour. Според историчаот на, Битлсите, Марк Левисон, проектот беше "од почеток до крај административен кошмар".
Главно Макартни го режираше филмот, којшто и ја донесе на групата првата неповолна критичка реакција. Сепак,саундтракот за филмот беше поуспешен. Двојно проширениот компакт диск, со шест музички нумери, надополнет со пет од последните синглови на бендот беше издаден во Велика Британија и со идентичен наслов во САД.Единствената Capitol компилација, која подоцна беше вклучена во официјалните студиски албуми на групата, лонгплеј плочата Magical Mystery Tour оствари заработка од 8 милиони американски долари, во рок од три недели од објавувањето,повисока почетна продажба од која било друга Capitol лонгплеј плоча.
Во јануари 1968 година, продукциската куќа EMI ги снимаше Битлсите за промотивни рекламни инсерти, кои беа наменети за рекламирање на анимираниот филм Yellow Submarine, главно засновани на имагинарниот свет, кои се темелат на композицијата на Мекартни од 1966 година. Иако критичарите му се восхитуваа на филмот за неговиот визуелен стил, хумор и музика и саундтрак, албумот, издаден седум месеци подоцна, доби помала ентузијастичка реакција. До крајот на 1968 година односите во групата се влошуваа. Тензијата растеше,за време на снимањето на The Beatles, попознат како White Album. Работите се влошија следната година, за време на the Let It Be сесиите, кога снимателите го снимаа Мекартни како им држи предавање на групата: „Многу сме негативни откако почина Епштајн...секогаш се боревме против неговата дисциплина,но смешно е да се бориме против таа дисциплина,ако таа е лично наша“
Во март 1969 година, Мекартни се ожени со Линда Истман и во август двојката го доби своето прво дете, Мери, крстено по неговата покојна мајка. За послендниот снимен албум на групата Abbey Road, Мартин упати на „парче музика кое постојано се движи“, наговарајќи ја групата да размислува симфониски. Мекартни се согласи, но Ленон не. На крајот тие се согласија, согласувајќи се за предлогот на Мекартни, лонгплеј плоча, која содржи одделни песни на една страна и долг сплет на втората страна.
Во 1970 година во екот на бизнис несогласувањата со членовите на групата, на 10 април, Мекартни го најави своето заминување од групата. На 31 декември 1970 година, тој поднесе барање за формално распаѓање на групата. Следеа повеќе правни спорови, кога неговите адвокати, неговите сватови Џон и Ли Истман, го тужеа менаџерот на Ленон, Харисон и Стар, Ален Клајн за авторски права и креативна контрола. На 9 јануари 1975 година англискиот суд законски ги расформира Битлсите, иако сè до 1989 година постоеја споредни судски спорови против нивната издавачка куќа EMI, Клајн и меѓу нив.