мини|200п|Превојот Вршич - 1611 м. мини|200п|Поглед на Јулиските Алпи
Превој Вршич – алпски превој, највисок преслап во Словенија. Се наоѓа на Јулиските Алпи на 1.611 метри надморска висина меѓу врвовите Мојстровка (2.332 м) и Присојник (2.547 м). Тој е најнизок премин од долината на Соча во долината на Сава. Ја поврзува покраината Горењска со Трента. Патот бил изграден за снабдување на австрискиот фронт во Италија, а го изградиле во многу тешки услови околу 10.000 руски воени заробеници во Првата светска војна.Pavšič, Gregor. 2016. Zgodba slovenskega prelaza, kjer so umirali Rusi. Siol.net (July 29). Многумина починале заради лошите услови и снежните луњи. На настраданите 300 руски војници денес потсетува Руската капела која стои на патот кон врвот. Покрај капелата се наоѓа масовна гробница – пирамида со натпи „На синовите на Русија“.
Патот од Крањска Гора до врвот е долг 9 километри и со висинска разлика од 811 метри. Секоја година во септември се организира велосипедска рекреативна трка Јуриш на Вршич. На патот кон врвот има три планински дома: Коча на Гозд (1.226 м), Ерјавчева коча (1.515 м), Тичарјев дом (1.620 м) и највисоко на планината е Поштарскиот дом (1.725 м), кој е над превојот Вршич, малку под планинскиот врв Вршич.
На Вршич сè уште се видни утврдувања од Првата светска војна.
Галерија
Поврзано Јулиски Алпи Караванки Доломити
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Географија на Словенија Категорија:Алпи Категорија:Општина Бовец Категорија:Општина Крањска Гора