Полската школа за плакати е специфично уметничко движење кое започнало од 1950-тите до осумдесеттите години на минатиот век, Полската школа за постери е карактеристично, оригинално и истакнато ликовно творештво особено во доменот на дизајнот на уметничкиот плакат.

Главните одлики во стилот и обликувањето на полскиот плакат се: естетиката во изведбата на сликарските елементи, едноставноста и јасноста во пораката најчесто изразена преку метафора. Во полскиот уметнички плакат уште можат да се следат истакнати и специфични елементи на ликовен и сликарски гест, јасна и чиста линија, живописни бои и колорит и особено авторска поединечност на секој автор. Исто така, еден од главните ликовни белези во полскиот плакат се и фантазијата. На овој начин полскиот плакат успеал да создаде совршена хармонија помеѓу дизајнот и уметничката творечка оригиналностPolish Poster School .

Плакатите на на полската извршиле значително влијаеле врз меѓународниот развој на графички дизајн во уметноста на плакатот. Главните одлики со кои полската школа за плакат, се истакнала во светски рамки биле: оригиналноста, поединечноста, творечкото авторство, специфичен колорит, типографија најчесто изведена со рачно испишани слова како и јасната концизна симболика и метафора со што постигнуваат визуелна впечатливост и доминантностPolish posters.

Покрај естетските вредности, полскиот плакат ја содржи емоционалната, чувствителна вложеност на авторот поврзана со темата - најчесто во театарскиот плакат. Ова создава плакати кои не се само објективна презентација туку директна чувствителна вклученост на авторот во толкувањето на основната информација на плакатотThe imaginative and fantastical works.

Полскиот и јапонскиот плакат од втората половина на дваесеттиот век се најзначајните и најистакнатите творечки движења во областа на плакатот во светот.

Автори Роман Циеслевич Војќех Фангор Миецзлав Горовски Тадеуш Јодловски Јан Леница Богуслав Лустик Јан Млодожениец Јозеф Мрозцзак Франчишек Старовиејски Валдемар Швиерзи Хенрик Томашевски (уметник за плакати) Маќеј Урбаниец Миецеслав Василевскиi Јан Савка Историски збирки Најголемата и најкомплетната приватна колекција на полскиот плакат, која датира од 1909 е колекцијата на постери Розенберг (rosenbergcollection.com). Во оваа колекција можат да се следат полските плакати низ нивната стогодишна историја - преку кои можат да се следат сите сегменти на полското општество во најразличните околности на неговата егзистенцијаOur Gallery in.

Најголемата државна колекција на полските плакати е Музејот на плакати Виланов во Виланов . Тој е најстариот музеј на плакати во светот, основан 1968 година, сместен во комплексот Виланов Палас во ВаршаваThe Legacy.

Библиографија Јачек Мровцик: VeryGraphic. Полски дизајнери од 20- тиот век, Култура ПЛ (Февруари 23, 2016) Колективна работа: Полската школа за плакати во годините 1956–1965. Варшава: Музеј на Плакатите Виланов, Национален музеј во Варшава, 1988 година. Наводи

Надворешни врски The Origins of the Polish School of Posters 6 Legends of the Polish Poster School

Категорија:Полска уметност