мини|Вајда Куц Полска филмска школа () — претставува група на полски режисери и сценаристи што делувале и создавале помеѓу 1955 и 1963 година.
Оваа група била под влијание на италијанскиот неореализам. Либералните промени што се случиле во Полска по 1956 години помогнале да се промени ракурсот во согледбите на историските и социјалните случувања и прилики. Особено за поинаквите гледишта за време на Втората светска војна и германската окупација.
Меѓу најважните теми биле поранешните војници на полското движење на отпорот и нивната улога во повоената полска историја како и националните трагедии како што биле концентрациските логори и Варшавското востание. Политичките промени овозможиле групата јавно да размислува за неодамнешната полска историја.
Полската филмска школа била прва што го истакнувала националниот карактер на Полјаците и едно од првите уметнички движења во Средна Европа што отворено се спротивставила на движењето и диктатот на социјалистичкиот реализам. мини|Палецот на Оскар Кон Лоѓ Членовите на движењето честопати ја истакнувале улогата на поединецот во однос на општеството.
Поистакнати режисери и филмови
Анджеј Вајда Канал (1956) Пепел и дијаманти (1958) Анджеј Мунк Човек на патеката (1956) Херојство (1958) Лоша среќа (1959) Патничка (1963) Јержи Ковалерович Вистинскиот крај на големата војна (1957) Ноќен воз (1959) Мајката на Јован Ангелот (1961)
Војќех Хас Збогувања (1958) Како да се сакаш (1963) Казимјеж Куц Крст на храброста (1958) Никој не се јавува (1960) Луѓето од возот (1961) Тадеуш Конвицки Зимски самрак (1957) Последниот ден на летото (1958) Сите денови на душите (1961) Станислав Розович Слободен град (1958) Извод на родени (1961)
Наводи
Надворешни врски Страница за полската филмска школа
Категорија:Полска кинематографија Категорија:Движења во кинематографијата