Јапите се микронезиски народ кој е староседелски народ на островот и сојузната држава Јап во СД Микронезија. Јапите се најброен народ во сојузната држава.

Историја Јапите имале добри контакти и однос со околните микронезиски народи и пред доаѓањето на Европејците во регионот. Јапските морепловци пловеле до Палау за камења. Каролинските морепловци го посетувале Јап за време на кризни периоди. Шпанските и германските трговци го колонизирале Јап во 1885 година и започнало христијанизирањето, односно, покрстувањето на народот. Јапонската морнарица го зазела острвот во 1914 година. По Втората светска војна, Јап бил дел од Доверливите територии на Тихоокеанските Острови. Во 1978, Јап станал дел од новосоздадената независна СД Микронезија.

Јапската култура историја и јазик денес се изучува во основноте и средни училишта во државата.

Демографија Пред Втората светска војна, Јап се соочувал со криза во однос на депопулацијата на островот поради болести и асимилација од Европејците. Антибиотиците по Втората светска војна помогнале да се одбрани населението од европските болести и да се зголеми бројот на населението.

Според пописот од 1994 само 48.1% од населението на Јап се изјаснило како Јапи. Во 2000 година бројот достигнал до 49.1%. Според податоците од 2010 5.7% од населението на СД Микронезија биле Јапи.

Поврзано Јап Јапски јазик

Наводи

Литература

Категорија:Јапи Категорија:Народи во Океанија