Чурчхела () – традиционална грузиска деликатес. Главни состојки се сок од свежо гмечено грозје, оревести плодови и брашно. На жица се нанижуваат бадем, орев, лешник, а понекогаш и суво грозје, а потоа се потопуваат во сок од грозје кој се згрутчува или друг овошен сок и после сушењето има облик на колбас.Кавказская кухня На Кавказ за чурчхелой Традиционална технологија за спремање чурчхела од регионот Кахетија е запишана во Унеско-виот список на Нематеријално културно наследство на Грузија во 2015 година.
Вон Грузија Чурчхелата и нејзините варијации се популарни уште во неколку земји освен во Грузија: Иран, Ерменија, Кипар, Грција, Русија, Украина и Турција.Procook.ru:Чурчхела Во Иран е позната како "Lævascæck Adjili" (لواشک آجیلی). Во Ерменија, Грција и Турција како "сладок суџук" () ().
Меѓу кипарските Грци е позната како сутцукос (σουτζούκος или σουτζιούκκος), а во Грција сутцуки (σουτζούκι). Кипарска варијанта на чурчхела се добива со потопување низа бадеми во желе и се вика палузес.
Подготовка Чурчхелата е производ на грузиската кујна. Грузијците обично ја прават чурчхелата во есен кога се собираат основните состојки. Се добива кога низа оревести плодови се потопуваат во сок од свежо гмечено грозје кое се нарекува „татара“ или „пеламуши“ (сок од грозје помешан со брашно заради густина) и потоа сушат на сонце. При правењето чурчхела не се користи шеќер. Наместо ореви, во областите во западна Грузија се користат бадеми и лешници.
Чурчхелата има облик на свеќа, но многу велат дека изгледа како колбас. Грузиските воини со себе носеле чурчхела бидејќи содржи многу калории. Најдобрите чурчхели се од областа Кахетија, која е позната како татковина на виното.
Сокот од грозје се тура во голем бронзен котел (казан) и полека се загрева. При вриењето се додава мала количина специјална бела земја која се вика аспрои која придонесува нечистотиите да избијат на површина, каде се собираат и отстрануваат. Можно е аспрои да се замени, кога не е достапен, со лагер пиво што дава скоро ист резултат. Кога постапката на чистење се заврши, се остава течноста се остава да се олади. Потоа се додава брашно со мешање и загревање. Кога ќе се достигне права конзистенција, што се гледа на основа на брзината на парните меурчиња и вискозноста на мешавината, таа се тргнува од топлина. Мешавината е спремна за следниот чекор кој се состои од подготовка на ореви за потопување.
Пред потопување, оревестите плодови мора прво да се очистат од лушпите. Потоа се потопуваат во вода за да омекнат. Кога доволно ќе омекнат, се нижат на 2-3 метри долги низи. Низите пота се потопуваат во претходно добиената мешавина. Постапката се повторува неколкупати додека не се добие саканата дебелина. Процесот на сушење трае 5-6 дена. После сушењето спремни се за употреба или складирање.
Галерија
Наводи
Литература
Надворешни врски
Категорија:Грузиска кујна Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ