алт=Јара Шахиди|мини|Јара Шахиди Јара Шахиди (, р. 10. февруари 2000 година во Минеаполис, Минесота, САД) е американска глумица, манекенка и активистка. Позната е по главната улога како најстарата ќерка Зои Џонсон во комедиската серија „Црничка“ и продолжението „Големка.“ Толкувала улоги во филмовите: „Замисли,“ „Смолфут“ и е протагонист во „И сонцето е ѕвезда.“ Списанието „Тајм“ ја смести меѓу триесетте највлијателни тинејџери во 2016 година.

Детство Јара Сајех Шахиди е родена во Минеаполис, Минесота, САД како ќерка на Кери Солтер Шахиди и фотографот Афшин Шахиди. Татко ѝ е Американец со иранско потекло, а мајка ѝ е Афроамериканка и припадничка на племето Чокто. На четиригодишна возраст, Јара се сели со семејството во Калифорнија, САД поради работен ангажман на Афшин Шахиди. Јара има помали сестра Сајид и брат Ехсан.

Кариера Шахиди ја почнува својата кариера на шестгодишна возраст, кога почнува да се појавува во телевизиски и печатени реклами за Мекдоналдс, Ралф Лорен, Таргет, ГапКидс, Дизни, Гес Кидс и Детското место. Често во овие се појавува со мајка ѝ и брат ѝ.

Филмското деби ѝ е во „Замисли“ (2009) во продукција на Парамаунт Пикчерс. За оваа улога е номинирана за наградата за млад уметник за најдобра глума во категоријата на играни филмови.

Наводи

Категорија:Родени во 2000 година Категорија:Американци со иранско потекло Категорија:Афроамериканци Категорија:Американски глумци Категорија:Живи луѓе