Џери Чих-Јуан Јанг (, р. 6. ноември 1968 година) е тајванско-американски програмер, претприемач и филантроп. Јанг е соосновач и поранешен извршен директор на Јаху.

Детство Јанг е роден како Јанг Чих-Јуан во Тајпеј, Тајван. Тој има помлад брат. Мајка му е професор по англиски јазик и драмска уметност. Татко му починал кога Јанг бил на двегодишна возраст. Во 1978 година, семејството Јанг се сели во Сан Хосе, Калифорнија, САД. По селидбата за Јанг и помлад брат му се грижи баба им и поширокото семејство, додека мајка им предава англиски на доселеници. Тогаш Јанг почнува со користење на англосаксонското име Џери, мајка му Лили, а помлад брат му Кен.

Јанг дипломира и магистрира во период од само четири години на Стенфордовиот универзитет. Двата степени му се во областа на електричното инженерство. Во 1989 година, Јанг го запознава Дејвид Фило кој му е колега на универзитетот. Во текот на студиска размена во Јапонија во 1992 година, Јанг се запознава со неговата идна сопруга Акико Јамазаки која учествува на истата програма.

Наводи

Категорија:Родени во 1968 година Категорија:Американци со тајванско потекло Категорија:Американски претприемачи Категорија:Апсолвенти на Стенфордскиот универзитет Категорија:Живи луѓе