Агнеш Остољкан (р. Ченгер, Унгарија, 3 ноември 1974) — унгарска политичарка и ромски активист, која била член на Националното собрание на Унгарија од 2010 до 2014 година. Во 2011 година била одликувана со Меѓународната награда за храбра жена од страна на Државниот секретаријат на САД.

Животопис Остољкан дипломирала политички науки на Мишколачкиот универзитет во 1998 година. По дипломирањето работела во Институтот Отворено општество, а потоа била раководител на програмата Декада на ромската интеграција при Министерството за труд и социјална политина во период од шест години.

Во 2010 година, таа била избрана за пратеник во Националното собрание на Унгарија од политичката партија Може да има друга политика, а на 26 ноември 2012 година била назначена за заменик-претседател на пратеничката група на партијата.

Остољкан е активист за образование на ромските деца, малцинските права на Ромите и нивната општествена интеграција. Таа е цврст поддржувач на стручното образование коешто на учениците им дава вештини со коишто се подготвени да излезат на пазарот на работна сила. Освен политичката кариера, таа исто така има работено како доброволен наставник во стручно училиште во Будимпешта коешто главно го посетуваат ученици од ромска националност.

Наводи

Надворешни врски Биографија на мрежното место на Државниот секретаријат на САД

Категорија:Унгарски политичари Категорија:Унгарски Роми