мини|Витрувијанскиот човек од Леонардо да Винчи (пенкало и мастило на хартија, околу 1490 година). Човекот се појавува како нормативен центар на човештвото и науката. Андроцентризам е привилегираност на машкото искуство во сите сфери на општественото живеење. Андроцентричноста ја истакнува машката перспектива како доминантна, нормативна, односно посакуван стандард и/или мерка на човековото однесување, сознание или доживување. Според андроцентризмот, жените, женското искуство и перспектива се девијантни или едноставно игнорирани. Терминот за првпат е употребен од страна на Шарлот Перкинс Гилман во нејзината книга „Нашата андроцентрична култура”, публикувана во 1911 година.
Надворешни врски „Нашата андроцентрична култура“
Наводи
Категорија:Патријархат