Џон Берк Кразински (, р. 20. октомври 1979 година во Бостон, Масачусетс, САД) е американски глумец и кинематограф. Добитник е на бројни награди и признанија, вклучувајќи четири номинации за Еми наградите и две награди од Здружението на филмски глумци. Во 2018 година списанието „Тајм“ го прогласи за еден од стоте највлијателни луѓе во светот.

Кразински постана познат по неговата улога како Џим Халперт во комедиската серија „Канцеларијата“ (2005-2013), проект на кој тој ја вршеше и улогата на продуцент и гостински режисер. Потоа тој го режираше и глумеше во драмскиот филм „Кратки интервјуа со грозни мажи“ (2009) и комедијата „Холарови“ (2016). Кразински беше еден од сценаристите, режисер и глумец во хоророт „Тивкото место“ (2018), кој беше добро прифатен кај критиката и оствари големи успеси во киносалите. Тој е протагонист и продуцент во трилер серијата „Џек Рајан“ (2018-денес), која е дистрибуирана од Амазон. За оваа улога Кразински беше номиниран за наградата на Здружението на филмски глумци за одличен настап на машки глумец во драмска серија.

Кразински се појавува и во филмовите: „Дозвола за брак“ (2007), „Валкана игра“ (2008), „Заминуваме“ (2009), „Комплицирано е“ (2009), „Нешто позајмено“ (2011), „Чудото“ (2012), „Ветена земја“ (2012), „Алоха“ (2015) и „13 часа: Скриените војници од Бенгази“ (2016). Неколкупати го позајмил својот глас во документари и анимирани филмови како „Шрек 3“ (2007) и „Универзитет за чудовишта“ (2013). Во 2013 година Кразински ја основа продуцентската куќа „Сандеј Најт Продакшенс“. Оженет е за англиската глумица Емили Блант со која имаат две ќерки.

Наводи

Категорија:Родени во 1979 година Категорија:Американци Категорија:Американски глумци Категорија:Американски режисери Категорија:Апсолвенти на Брауновиот универзитет Категорија:Живи луѓе Категорија:Американски филмски глумци