200px|мини|Лили Џејмс Лили Клои Нинет Томсон (; род. 5 април 1989 година), попозната како Лили Џејмс (), е британска глумица.

Рани години Лили Џејмс е родена на 5 април 1989 година во Ашер, Сари, Англија во семејството на глумицата Нинет и музичарот Џејмс (Џејми) Томсон. Бабата на Лили, Хелен Хортон, била американска глумица. Џејмс учела во уметничко училиште во Тринг. Во 2010 година дипломирала на Гилдалското училиште за музика и театар во Лондон.

Кариера Лили го направила своето деби во телевизија во 2010 година,таа глуми во 4 епизоди на Само Вилијам Just William’s women: Be nice to them — or they’ll scream and scream till they’re sick!. Во 2011 година, таа глуми во 8 епизоди од серијалот „Таен дневник за повик на девојчиња". Во 2012 година, таа ја играла улогата на Корина во филмот „Гнев на титаните“. Од 2012 до 2015 година, таа глумела во серијалот „Даунтон опатија“.Downton star Lily James attends Town & Country UK launch… as she graces cover of their FIRST edition Во 2015 година бил објавен филмот „Пепелашка“, каде таа ја играла главна улога .

Во 2015 и 2016 година, Лили ја добила наградата Гилд на американските глумци во категоријата „Најдобри улоги во драмска серија“ за нејзината улога во серијалот „ Даунтон опатија“. Исто така во 2017 година, Лили глумела во филмот „Возач на бебиња“ во улога на Дебора. Во летото 2018 година, филмот „Мама Миа! 2“, во која Лили ја играла улогата на младата Дона.

Личен живот Таткото на Џејмс, Џејмс Томсон, починал од рак во 2008 година. Таа го зела неговото име како псевдоним, откако дознала дека Лили Томсон веќе е регистрирана во Еснафот на глумците.

Од 2014 година, Џејмс е во врска со глумецот Мет Смит, колега во филмот „Гордост и предрасуди и зомби“ .

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1989 година Категорија:Родени на 5 април Категорија:Британски глумици