Едвард Равникар (4 декември 1907 - 23 август 1993) бил словенечки архитект.

Равникар е роден во Ново Место и бил студент на архитект Јоже Плечник. Подоцна, тој ја предводел новата генерација на словенечки архитекти, значаен бил за развојот на инфраструктурата на словенечката архитектура, во организирањето на архитектонски натпревари итнEdvard Ravnikar.

Тој исто така, го промовирал скандинавскиот архитектонски стил во Словенија , особено финските достигнувања во архитектурата постигнати од оние на Алвар АалтоRavnikar, 1907–1993.

Неговите најзабележителни творби се во Љубљана, меѓу нив се: Плоштадот на Републиката, Цанкарјевата дворана, стоковна куќа Максимаркет и Музеј за модерна уметност, ЉубљанаWritings by Edvard Ravnikar.

За својата работа, тој ја добил Прешерновата наградата во 1961 и во 1978 година. Умрел во Љубљана, на 85-годишна возраст.

Наводи

Категорија:Словенечки архитекти Категорија:Југословенски архитекти Категорија:Луѓе од Ново Место Категорија:Апсолвенти на Љубљанскиот универзитет Категорија:Родени во 1907 година Категорија:Починати во 1993 година Категорија:Добитници на Прешерновата награда