Влада на Големото национално собрание (), попозната како Владата на Анкара ()Esra Yakut: Şeyhülislâmlık: yenileşme döneminde devlet ve din, Kitap Yayınevi Ltd., 2005, , page 198,199. Pars Tuğlacı: Çağdaş Türkiye, Cem Yayınevi, 1987, Turkey page 358. Hakan Alan, Avni Alan: İstanbul Şehir Rehberi, ASBOOK, 2007, , page 12. Yahya Kemal: Eğil Dağlar, Kubbealtı Publishing, 1966, , pages 13, 92-93, 138, 155, 170, 188, 204-205, 232, 302, 338. William Hale: Turkish Foreign Policy, 1774-2000, Routledge, 2012, , pages 36, 37, 38, 50, 265.Kemal Kirişci, Gareth M. Winrow: The Kurdish Question and Turkey: An Example of a Trans-State Ethnic Conflict, Routledge, 1997, , pages 71-75, 77-79, 80, 82-84. — името на привремената и револуционерна турска влада со седиште во Анкара (тогаш позната како Ангора) за време на Турската војна за независност (1919-1923) и во последните години на Отоманското Царство. Владата била предводена од Турското национално движење, наспроти распарчената Цариградска влада, која ја предводел османлискиот султан.
За време на војната за независност, Владата на Големото национално собрание командувала со војската позната како Кува-и Милије („Национални сили“). По војната и победата над монархиската Цариградска влада, републиканската влада на Анкара го прогласил крајот на Отоманското Царство и создавање на Република Турција во 1923 година. Големото национално собрание денес е парламентарно тело на Турција.
Историја
Во времето кога била прогласена Владата на Анкара, постоела друга турска влада во окупираниот Цариград (денес Истанбул), односно Султанската отоманска влада, честопати позната како „Влада на Цариград“ (за разлика од националистичката влада на Анкара). Откако било основано Големото национално собрание на 23 април 1920 година, без претходно да се отфрли легитимноста на Османлискиот султанат, новиот парламент во Анкара формирала своја влада во рамките на Собранието. Министрите биле наречени „Векил“ наместо конвенционалниот „Назир“, за да се задржи со привремената природа на владата.
Владата на Анкара била основана да ја претставува Турција бидејќи де јуре главниот град, Цариград, бил под окупација. Претседател на ГНА (преименувано во Големото национално собрание на Турција по 8 февруари 1921 година), а подоцна и на Република Турција, бил Мустафа Кемал. Откако било потпишано примирјето од Муданија, заменувајќи го примирјето од Мудрос (потпишано од Отоманското Царство во 1918 година на крајот на Првата светска војна) и завршувањето на Турската војна за независност, ГНА го укинал царскиот султанат, кој бил обвинет за соработка со Сојузниците за време на окупацијата на Турција.
Цариградската влада, претставувајќи го османлискиот султанат и стариот империјален и монархиски поредок, првично одбила да го признае Турското национално движење и Владата на Големото национално собрание во Анкара, сметајќи дека само таа е легитимна влада во царството. Се обидела воено да ја порази Владата на Анкара користејќи ја својата Кува-и Инзибатије, попозната како „Армија на калифатот“ (наспроти силите на ГНА, Кува-и Милије, „Армија на нацијата“), но не успеала да направи така. Во 1921 година, на Конференцијата во Лондон се појавиле дипломатски тимови и од монархиската на Цариградска влада и од републиканската влада на Анкара. Сепак, во изненадувачки потег, османлискиот дипломатски тим предводен од Ахмет Тевфик-паша се предал и дозволил турскиот дипломатски тим предводен од Бекир Сами Кундух да биде единствениот претставник на земјата на конференцијата. Договорот од Лозана бил потпишан на 24 јули 1923 година, меѓу претставниците на сојузниците и на Анкара, со што официјално ја признава владата на Анкара како легитимна турска влада.
На 29 октомври била прогласена Република Турција од Големото национално собрание на Турција.
Влади 1-ва Влада на Извршните министри на Турција 2-ра Влада на Извршните министри на Турција 3-та Влада на Извршните министри на Турција 4-та Влада на Извршните министри на Турција 5-та Влада на Извршните министри на Турција
Наводи
Категорија:Турска војна за независност Категорија:Држави и територии настанати во 1920 година Категорија:Држави и територии распаднати во 1923 година