Паун – јувелирно и кварцно велигденско јајце, изработено од Дорофеев под надзор на рускиот јувелир Карл Фаберже во 1908 година. Било изработено за Николај II, кој ѝ го поклонил на својата мајка Марија Фјодоровна во 1908 година.

Проѕирното јајце е изработено од кварц и позлатена сребрена жица и има прилично едноставен стил. Генијалноста на јајцето е во неговото изненадување. Јајцето е составено од две половини кои се држат во целина со затворач на врвот и кога истиот се отвора се дели.

Изненадување Во јајцето, на гранките од златно дрво со цветови од емајл и скапоцени камења, седи мал механички златен и емајлиран паун долг 110 мм. Паунот може да се извади од дрвото и да се навие. Поставен на рамна површина, се шета наоколу со движење на главата и отворање и затворање на опашката од емајл.

Дорофеев, мајсторот на Фаберже, три години работел на паунот и неговите прототипи.

Историја мини|Часовникот паун Јајцето „Паун“ било вдахновено од „Часовникот паун“ од 18 век што го изработил Џемс Кокс. Часовникот бил поклон од Григориј Потемкин на Катерина Велика. Часовникот паун бил сместен во Зимскиот дворец во Санкт Петербург, Русија, кој денес е музејот Ермитаж.

Во 1927 година, јајцето „Паун“, заедно со други девет царски јајца, му било продадено на Емануел Сноумен од Антикваријатот. Било купено до Хирст во 1935 година и продадено на д-р Морис Сандоз од Швајцарија во 1949 година кој во 1955 година ѝ го донирал на својата „Фондација Едуар и Морис Сандоз“ во Лозана. Со оглед дека е во приватно сопствеништво, јајцето само шест пати било јавно покажано, последен пат во 2009 година.

Поврзано Фабержеово јајце

Наводи

Надворешни врски

Article on the prototype for this egg from Fabergé Research Site

Категорија:Фабержеови јајца Категорија:Украсна уметност