Анива (бислама: Aniwa) е мал остров во покраината Тафеа во Вануату.

Географија Вкупната површина на островот е 8 км2. За разлика од останатите острови во Вануату, Анива е корален остров, односно корален атол. Островот се издигнува на 42 метри надморска висина. Во северозападниот дел на островот има лагуна, Лагуна Ичаро, која е отворена кон морето. Најблизок остров е Тана, кој е на 24 км југозападно. Островот е дел од Полинезија заедно со Футуна. Сите други острови во Вануату се дел од Меланезија.

Население Населението, заедно со тоа од Футуна, се Полинезијци кои дошле од Валис и Футуна или Самоа пред многу години. Населението на островот е околу 350 жители2009 Census Summary release final - Government of Vanuatu поделено во пет села: Итамоту Имале Исавај Икаокао Намсафура

Сообраќај На островот се наоѓа Аеродромот Анива, кој има летови двапати неделно кон Порт Вила.

Наводи

Надворешни врски Вануату Травел: Анива

Категорија:Острови во Вануату Категорија:Тафеа