Сер Џон Јанг „Џеки“ Стјуарт, РБИ (роден на 11 јуни 1939 година) е британски поранешен возач на трки во Формула 1 од Шкотска. Со прекар како „Летечкиот Шкотланѓанец“, тој се натпреварувал во Формула 1 помеѓу 1965 и 1973 година, освојувајќи три Светски првенства за возачи и двапати завршувајќи како второпласиран во текот на тие девет сезони. Многумина го сметаат за еден од најголемите возачи во историјата на спортот.

Надвор од Формула 1, тој тесно ја пропуштил победата при неговиот прв обид на Индијанаполис 500 во 1966 година, а се натпреварувал во серијалот Кан-Ам во 1970 и 1971 година. Помеѓу 1997 и 1999 година, во партнерство со неговиот син, Пол, тој бил директор на тимот Стјуарт Франд При Рејсинг Формила 1 .

Стјуарт исто така се залагал за подобрувањето на безбедноста на моторните трки, организирајќи кампањи за подобри медицински установи и подобрувања на патеките за моторите.

По смртта на Џон Сертиз во 2017 година, тој е последниот преживеан светски шампион на Формула 1 од 1960-тите.

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1939 година Категорија:Офицери на Редот на Британската Империја Категорија:Витези-бакалауреати Категорија:Прваци во Формула 1 Категорија:Сите статии за дополнување Категорија:Возачи на БРМ во Формула 1 Категорија:Возачи на Тирел во Формула 1