Поле со афиони – слика од Лазар Личеноски. Сликата е масло на платно, завршена во 1947 година со димензии 35 х 38 см и се наоѓа во Народниот музеј во Битола.
Опис На сликата „Поле со афиони“ е претставен пејзаж со афионови насади. Во предниот дел е претставена нива со зрели афионови растенија. Во долниот дел слободно се претставени лисјата и стебленцата – насликани со слободни и брзи потези, а на горниот дел многу цутови на афионовите растенија. И афионовите цветови се слободно насликани со брзи и енергични потези со четката. Во позадината се чувствува далечина на поле, кое завршува во подножјето на планината. Планината е од едниот крај на сликата до другиот, како што е и нивата со афионовиот насад. Небото е светло и го најавува раниот чист убав спокоен летен ден. Сликата е весела, полна со живот и воспевање на раскошот на природата.
Наводи
Категорија:Слики од Лазар Личеноски Категорија:Македонски уметнички слики Категорија:Уметнички слики од 1947 година