Линебург (службено наречен Ханзин град Линебург; или Hansestadt Lüneburg; долногермански: Lümborg; полапски: Glain) — град во истоимениот округ, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Градот се наоѓа на реката Илменау, околу 50 километри југоисточно од Хамбург, на работ на Линебуршкото Поле и припаѓа на метрополитенската област Хамбург. Линебург се наоѓа на само 15 километри јужно од границата со Шлезвиг-Холштајн и Мекленбург-Западна Померанија.

Градот претставува административно седиште на истоимениот округ и има околу 77.500 жители. Поширокото градско подрачје ги опфаќа и општините Адендорф, Бардовик, Барендорф и Репенштет, со што вкупното население во оваа агломерација е околу 126.000 жители.

Линебург ја додал титулата „Ханзин град“ во своето име во 2007 година, како признание за своето членство во поранешниот сојуз Ханза. Во градот се наоѓа Универзитетот Лојфана.

Географија Местоположба

мини|300п|десно|Градски план од 1910 година

Линебург се наоѓа во долниот тек на реката Илменау, околу 30 километри од вливот во Елба. Јужно од градот се протега Линебуршкото Поле, кое има површина од 7.400 км², кое настанало од преголема искористеност на пасиштата и сеча и пожари на дрвјата. Често цитираната изјава дека полето е настаното поради работата на соланата во Линебург е историски непотврдено. Поверојатно е дека започнало со доселувањето на првите луѓе во бронзеното доба. Стариот град на Линебург се наоѓа на солна купола, од каде дошло богатството на градот.

Историски единици

мини|300п|десно|Шахта со симбол за мотото „Монс, Понс, Фонс“

Мотото „Монс, Понс, Фонс“ (од латински „планина, мост, извор“) го карактеризирале развојот на градот од век, кој започнал од три, подоцна четири, различни населби. Овие биле Калкберг со блиската населба Маркт, селото Модесторпе помеѓу мостот над Илменау и големиот плоштад Ам Занде (четвртта Занд), како и соланата со утврдената населба Зилц. Дури во век започнала да се гради пристанишната населба, Васерфиртел, помеѓу главниот плоштад и Илменау. Оваа состојба на градот останала до проширувањето, кое се случило во и уште е јасно видлива. Шесте историски градски порти на Линебург биле Алтенбрик, Бардовик, Роте, Зилц, Лин и Ноје.

Градски единици

Линебург е составен од следниве градски единици: Алтштат, Бокелсберг, Гозебург-Целтберг, Калтенмор, Крајдеберг, Лине-Морфелд, Мителфелд, Ној Хаген, Ротес Фелд, Шиценплац, Вестштат и Вилшенбрух, како и местата Ебенсберг, Хеклинген, Охтмисен, Едеме и Ретмер.

Тонење во градот

мини|300п|десно|Областа на тонење во Линебург, улицата „Ауд дем Мере“

Една особеност за историскиот дел на градот помеѓу линебуршката солана и Калкберг е дека куќите се изградени над солна купола, која била копана скоро до самата површина. По интензивирањето на работите од средината на век, тонењето во градот е околу 3-5 сантиметри на година (денес до 3 милиметри). Куќите и црквите во овој дел на градот ја губеле својата статичност и морале да бидат рушени (црквата „Св. Богородица“ во 1818 година, а црквата „Св. Ламберт“ во 1861 година). Тонењето, но пред сѐ нерентабилното работење, биле причина за затворање на соланата во 1980 година. Денес, само мали количини се копаат за бањски потреби на солените бањи Линебург. Поранешната солана денес е дом на германскиот музеј за сол и еден супермаркет.

На 240 мерни точки било мерено тонењето од 1946 година на секои две години. Тонењето не е целосно завршено, но е возможно да се гради, па така некои историски градби биле обновени. Тонењето е видливо и денес за посетителите.

Клима

Историја Праисторија

Првите знаци на човечко присуство во областа на денешниот град потекнуваат од времето на неандерталците: 56 секири, кои се проценуваат дека се стари 150.000 години, биле откриени при изградба на пат во 1990-тите години помеѓу Охтмисен и Бардовик. Местото на откритието кај Охтмисен веројатно била ловечко средиште на неандерталците, каде ловџиите ги чистеле и сечеле животните. Меѓутоа, областа скоро сигурно не било постојано населена, најмногу поради леденото доба.

Првото археолошко откритие за постојана земјоделска активноста била пронајдена во близина на ловечкото средиште на неандерталците, во реката Илменау помеѓу Лине и Бардовик. Била пронајдена секира во облик на чевел, која потекнува од век п.н.е. и која денес е во збирката на линебуршкиот музеј.

Од бронзеното доба, на ридот Целтберг биле ископани поголем број праисториски и рано историски гробови од страна на луѓе кои живееле во областа на денешниот град Линебург. Едно од најстарите пронајдоци на местото е т.н. уњетичка секира (Aunjetitzer Randleistenbeil), која потекнува од 1900 година п.н.е. Областа околу градот, исто така, поседува бројни урни од последното ледено доба, кои биле пронајдени во век. Меѓутоа, овие откритија, како и оние од линебуршки Калкберг биле чувани во приватни збирки од образовани луѓе од тоа време, но со мали исклучоци биле изгубени кога починале.

Исто така, вредни за споменување се и лангобардските гробови на линебуршки Целтберг и Едеме од првите векови од нашата ера. Во средниот век биле направени неколку откритија на местото на градот, на пример на местото на старото село Модесторпе недалеку од црквата „Св. Јован“ (Johanniskirche), на плоштадот Ламберт близу соланата и во поранешниот Васерфиртел.

Древниот град означен како Леуфана или Лојфана () од страна на грчкиот географ Птоломеј во северниот дел на Германија на запад од Елба, може да се поврзе со денешниот град Линебург.

Од село до трговски град

мини|300п|десно|Првото потврдено спомнување на Линебург и соланата во 956 година

Линебург бил првпат споменат во средновековните документи во декрет потпишан на 13 август 956 година, во кој кралот Отон I го додалил „данокот од Линебург на манастирот изграден во чест на Св. Михаил“.Vgl.: Monumenta Germaniae Historica D O1, 183 Постаро споменување на местото во франкските царски анали од 795 година наведува: ...ad fluvium Albim pervenit ad locum, qui dicitur Hliuni односно „на реката Елба, на место, кое е наречено Хлиуни“, што се однесува на едно од трите населби на Линебург; веројатно замокот на Калкберг било седиште на благородниците од Билунгер од 951 година. Елпско-германското име Хлиуни доаѓа од лангобардскиот збор за „место за бегство“.

Од археолошките пронајдоци, јасно е дека областа околу Линебург веќе била населена во ова време (во музејот на Кнежевството Линебург, на пример, постои голем број на артефакти пронајдени тука), а соланата веќе работела.

мини|300п|десно|Изворите Луна на плоштадот

Според предание, солта била првпат откриена од ловец кој набљудувал дива свиња како се бања во вир, при што ја застрелал и убил и го закачил крзното да се исуши. Кога се исушило открил бели кристали во влакната - сол. Подоцна се вратил на местото и го нашол базенот со сол, каде се случило првото производство на сол. Во Градското собрание во стаклено ѕвоно се наоѓа коска; преданието кажува дека тоа е зачувана коска од дивата свиња. Подоцна, била основана линебуршката солана која работела со векови.

И покрај постоењето на соланата, Линебург првобитно бил подреден на градот Бардовик, сместен неколку километри на север. Бардовик бил постар и поважно трговско место за Словените. Богатството на Бардовик - имал седум цркви - било засновано на фактот дека немало ниедно други трговско место. Единствено кога Бардовик одбил да се потчини на Хајнрих Лавот бил уништен од негова страна во 1189 година. Со тоа, Линебург добил градски права (Stadtrechte) и се развил во средишно трговско место во областа, на местото на Бардовик.

Полапското име за Линебург е „Глаин“ (Glain), што веројатно потекнува од словенскиот збор „глина“. Во латинските тектови, Линебург покрај латинизираното име Лунабургум (Lunaburgum), се појавувал и како Селенополис (Selenopolis, „град на месечината“), бидејќи градот се поврзувал со божицата на месечината Луна. Монети од тоа време и изворите Луна на главниот плоштад го носат овој мотив.

Ханза

мини|300п|десно|Една од најраните графики на Линебург, околу 1445 година мини|300п|десно|Поглед на мостот Браузе

Како последица на монополот кој Линебург го имал долги години како произведувач на сол во Северна Германија, кој му бил нарушен дури со францускиот увоз, многу брзо станал член на Ханзата. Сојузот Ханза бил создаден во 1158 година во Либек, првично како сојуз на поединечни трговци, но во 1356 година станал сојуз на трговски градови (што се случило на првиот општ состанок или Ханзетаг). Солта на Линебург била потребна за засолување на харингата уловена во Балтичкото Море и во водите околу Норвешка, како би можела да биде конзервирана за да се пренесе на копното во периоди на постење, кога рибата била дозволена.

Голема улога одиграл Сконскиот пазар во Сканија, Шведска, кој бил голем рибен пазар за харинги и еден од најважните трговски средишта во Северна Европа во средниот век. Солта на Линебург имала голема побарувачка и градот брзо станал еден од најважните и најбогатите членови на Ханзата, заедно со Берген и Висби (производители на риба) и Либек (средишното трговско место помеѓу Балтикот и внатрешноста). Во средниот век, солта првично била пренесувана преку Стариот пат на солта до Либек. Со отворање на Каналот Штекниц во 1398 година, солта можела да биде пренесува со бродови со складиштата во Либек.

Околу 1235 година се создало Војводството Брауншвајг-Линебург, кое било владеено од семејство чии благороднички линии постојано се делеле и обединувале. Поради тоа постојано се појавувале помали држави, кое обично имале статус на кнежевство и вообичаено биле именувани од местоположбата на војводското седиште. Така, помеѓу 1267 и 1269 година било создадено Кнежевство Линебург по првпат и Линебург бил седиште на резиденцијата. Во 1371 година, во бранот на линебуршката војна за наследство, граѓаните ги исфрлиле кнезовите од градот и го уништиле замокот на Калкберг, заедно со блискиот манастир. Договорот за мир во 1392 година го опфатил нивното барање градот да стане слободен царски град, статус кој го имал до 1637 година. Така, парите останувале во градот, што овозможило градба на убави куќи и цркви.

Во 1392 година, Линебург добил право на складирање. Ова значело дека трговците, кои патувале низ областа можеле да застанат во градот, да ја растоварат стоката и да ја понудат за продажба во одреден период. За да не може трговците да одат околу Линебург била изградена непробојно одбранбена линија западно од градот во 1397 година; слична линија била подигната источно од градот во 1479 година.

Конфликтот помеѓу Градскиот совет и сопствениците на соланата предизвикал криза во градот од 1446 до 1462 година. Ова не било војна во вистинска смисла на зборот, туку раздор помеѓу Градскиот совет и оние членови на благородништвото кои биле сопственици на соланата. Не бил разрешен до вклучувањето на данскиот крал Кристијан I, бискупот на Шверин и бискупот на Либек, Арнолд Вестфал.

Во 1454 година, граѓаните барале поголемо влијание над јавниот живот.

Од крајот на 2007 година, Линебург повторно ја носи титулата Ханзин град.

Ново време Реформацијата

мини|300п|десно|Линебург (Lvneborch) во 1598 година. Поглед од север. Добро се познава Ам Занде и црквата „Св. Јован“ на исток. Позападно се наоѓа срушената црква „Св. Ламберт“ во 1861 година

Во време на реформацијата, градот се свртел кон протестантството, која особено ја промовирал војводата Ернст I од Брауншвајг-Линебург.

Најстара трага од реформаторското движење потекнува од петицијата на 25 март 1525 година до Елизабет фон Гелдерн (ќерка на Хајнрих I од Брауншвајг-Линебург) на протераниот граѓанин Јохан Функе, кој морал да го напушти градот, бидејќи тој пеел други германски псалми и како и други, читал духовни и секуларни лутерански списи. Во тоа време, градот сѐ уште бил поврзан со старите католички верувања. Следеле немирни години во кои следбениците на Римокатоличката црква и следбениците на Мартин Лутер се натпреварувале едни со други.