Луѓето кои одеа по тигровата опашка (јапонски: 虎の尾を踏む男達) - јапонски филм од 1945 година, во режија на Акира Куросава. Главните улоги ги играат: Ханширо Ивај, Сусусму Фуџита и Кеничи Еномото.
Синопсис Дејствието на филмот се одвива во 1185. година, во времето кога семејството Хеике бори против семејството Минамото. По крвавата поморска битка во Тихиот Океан, Јошицуне Минамото ги победува непријателите, а преживеаните извршуваат самоубиство. Кога победникот Јошицуне пристигнува во Кјото, неговиот брат, шогунот Јоритомо им наредува на своите луѓе да го уапсат Јошицуне. Меѓутоа, Јошицуне бега со шест верни самураи на чело со Бенкеи и тие се упатуваат во земјата на неговиот единствен пријател Идехиро Фукивара. Во близината на границата, откако ја преминуваат шумата преправени во монаси, нивиот насмеан превозник Суруга открива дека тие се Јошицуне и шестмина самураи и им кажува дека храбриот Кагивара и неговите војници ги чекаат на границата, со намера да ги уапсат. Јошицуне се преправа во превозникот и Бенкеи мора да го убеди Кагивара дека тие се само шест монаси кои патуваат за да соберат прилози за изградба на големиот храм во Кјото.РТС, Људи који су ишли по тигровом репу (пристапено на 26.4.2020)
Наводи
Категорија:Филмови на Акира Куросава Категорија:Филмови со Кеничи Еномото Категорија:Филмови со Сусусму Фуџита Категорија:Филмови со Ханширо Ивај Категорија:Јапонски филмови Категорија:Црно-бели филмови Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Јапонија Категорија:Филмови од 1945 година Категорија:Филмови на јапонски јазик Категорија:Филмови од 1952 година