Кантонот Нидвалден, исто така Кантон Нидвалд () е кантон на Швајцарија. Сместено е во средиштето на Швајцарија. Населението е 40.278 (во 2007 година) од кои 4.046 (или 10%) се странци. Главниот град е Штанс.
Географија мини|Баналпзее Нидвалден се наоѓа во средината на Швајцарија. На север се граничи со Езерото Луцерн (Вирвалдштатерзее), на сите други насоки со планинскиот венец (Урнерските Алпи). Областа на кантонот е 276,1 км2 од кои околу 40% е населено или користено за земјоделство. Шумите зафаќаат околу една третина од кантонот, а околу една четвртина се сметаат за непродуктивни (планини или ледници).
Општини Постојат единаесет општини: Бекенрид, Буохс, Даленвил, Еметен, Енетбирген, Енетмоос, Хергисвил, Обердорф, Штанс, Штанштад и Волфеншисен. Главниот град е Штанс.
Економија До 20 век, во Нидвалден преовладувало земјоделството. Говедата и сирењето се извезувале главно во северна Италија. Околу 1500 година, многу луѓе во Нидвалден работеле како платеници-војници.
Од средината на 19 век, наваму, трговијата, индустријата и туризмот добиле интензитет. Како и да е, до средината на 20 век земјоделството доминирало во кантонот. Денес голем број мали и средни бизниси доминираат во економијата. Најголем работодавец е конструкторот на авиони „Пилатус“. Малите и средни бизниси работат во широк спектар на области. Многумина се специјализирани во машинска конструкција, медицинска опрема, меѓународна трговија, оптика и електроника.
Традиционалните области како што се шумарството и земјоделството сè уште се од важност. Земјоделството е специјализирано за сточарство и млечни производи. Фармите сè уште ги водат поединечни семејства.
Во последниве години, Нидвалден станува сè повеќе вообичаено место за живеење и работа. Ова е предизвикано од нејзините ниски даноци, неговата средишна локација помеѓу Цирих и Милано, и неговата природна околина. [ <span title="The time period mentioned near this tag is ambiguous. (April 2019)">кога?</span>[ оригинално истражување?
Туризам мини|Врвот на Штансерхорн кој ги покажува ресторанот и жичарницата Поради својата планинска географија, туризмот е важен во Нидвалден. Езерото и планините привлекуваат многу туристи, и во текот на зимата и во текот на летото. Најголемите одморалишта вклучуваат Клевеналп, Штансерхорн (планина), регионот околу Баналп и Биргеншток .
Култура Традиционалната култура во Нидвалден била сочувана од многу мештански организации. Има традиционална музика, јодлање, танци, театри и фестивали. Исто така, има голем број на современи културни настани, како концерти и галерии.
Белешки и наводи
Надворешни врски
Службено мрежно место (на германски) Официјална статистика Туризам Нидвалден
Категорија:Населени места основани во 1 милениум п.н.е. Категорија:Нидвалден Категорија:Кантони во Швајцарија Категорија:Статии со микроформати hAudio Категорија:Координати на Википодатоците