Трештена Стена — археолошко наоѓалиште во прилепското село Крушевица. Претставува населба од бакарното и бронзеното време.
Местоположба
Наоѓалиштето се наоѓа на околу 4,5 километри северозападно од селото и на околу 3,5 километри југоисточно од селото Крушевица, односно на 2 километри западно од коритото на Црна Река, покрај стариот пристапен пат за селото Чаниште.
Опис
Ова наоѓалиште претставува праисториска населба, која егзистирала низ енеолитскиот период. Населбата имала еден културен стратум, со најмалку шест хоризонти на живеење. При археолошките истражувања, бил евидентиран голем број животински коски и речни школки, што укажува на фактот дека оние, кои го населувале просторот на Трештена Стена се занимавале, покрај со сточарство и со лов и риболов.Macedoniae Acta Archaeologica, број 19, 2010 година
Поврзано Грамаѓе - Белило — некропола од римското време; Камен Крст - Присој — некропола од римското време; Камено Корито — осамен наод од римското време; Манастир Св. Никола — средновековна црква и некропола; Маркови Кули - Градок — средновековна тврдина и црква; Плевење — некропола од доцноантичкото време; Брест — населба од железно и античко време; Вакафска Куќа — двојно корито од римскиот период; Градиште — населба од бакарно, бронзено и железно време и раноантички период; Лаштигер — населба од бронзено време; Ќулавите — населба од бронзено време; Црните Тумби — населба од бронзено и античко време; Манастир; Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.
Наводи
Категорија:Манастир (село)