Африкански златен волк (Canis anthus или Canis lupaster) — вид куче со потекло од Северна Африка и Африканскиот Рог. Тој е потомок на генетска мешавина од 72% сив волк и 28% етиопски волк. Се јавува во Сенегал, Нигерија, Чад, Мароко, Алжир, Тунис, Либија и Египет и Танзанија. На Атлас може да се види на височини дури до 1.800 метри. Првенствено е грабливец, чиј плен се безрбетници и цицачи, како газела, иако понекогаш напаѓа и поголеми животни. Неговата исхрана исто така вклучува трупови на животни, човечки отпад и овошје. Африканскиот златен волк е моногамен и територијален вид, потомците остануваат со семејството за да помогнат во одгледувањето на помладите.
Претходно бил класифицирана како африканска варијанта на златниот шакал, со најмалку еден подвид (Canis anthus lupaster). Во 2015 година, серија анализи за митохондријалниот ДНК на видот покажале дека тој всушност е различен и од златниот шакал и од сивиот волк, а повеќе е тесно поврзан со сивиот волк и којотот.
Тој игра истакната улога во некои африкански култури; во северноафриканскиот фолклор, се смета како недоверливо животно чии делови од телото можат да се користат за лековити или ритуалистички цели, додека се чува во голема почит во Сенегалната религија како првото суштество кое било создадено од богот Роог.
Наводи
Надворешни врски
Le fantôme du moyen Atlas شبح الأطلس المتوسط, AmouddouTV (Feb 13, 2014) Nouveau!! Nouvelle espèce découverte... اكتشاف نوع جديد من الحيوانات/ حصري, AmouddouTV (Aug 15, 2015)
Категорија:Волци Категорија:Шакали Категорија:Цицачи на Африка