Основно училиште „Ашим Агуши“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Ашим Агуши“ - Франгово; скратено: ПООУ „Ашим Агуши“) — подрачно основно училиште во струшкото село Франгово, во состав на истоименото училиште од селото Радолишта, Општина Струга.

Училиштето е именувано по Ашим Агуши.

Местоположба

Училиштето се наоѓа во јужниот дел на селото, на височинка која доминира над селото.

Настава

Во училиштето наставата се изведува на албански наставен јазик од прво до деветто одделение.

Галерија

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Струга Франгово Категорија:Франгово