Калуѓерица — археолошко наоѓалиште во селото Велмеј во областа Дебрца. Претставува раносредновековна некропола. Се наоѓа северозападно од селото, на падините на ридот што се издига на околу 500 м над горниот пат за селото Средоречие. Падините се оголени под атмосферското влијание, така што своевремено се забележувале гробови градени од бигорен камен. Некој од нив биле диво раскопани, а дел од наодите се откупени, за Народниот музеј во Охрид. Двајца различни земјоделци во своите ниви при земјоделските работи наидувале на човечки коски, а други жители наоѓале археолошки материјал (монети и др).Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 242, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Бучишта — населба со некропола од доцноантичкото време и старохристијанска базилика; Велмешко Градиште — утврдена населба од бронзеното време; Вишин Дол — утврдена населба и топилница од доцноантичкото време; Гладница — населба од доцноантичкото време; Горица — населба од развиеното средновековие; Горни Јаворец — топилница од доцноантичкото време; Горнополско Градиште — утврдена населба од раниот Среден век; Грамаѓе — некропола од железното време; Иванова Ливада - Икона — раносредновековна црква и некропола; Икона - Блато — раносредновековна некропола; Кутлина — населба од неолитското, енеолитското, бронзеното и железното време, и раносредновековна некропола; Манастириште — средновековен сакрален комплекс; Оџа Бавча — раносредновековна некропола; Пашина Горица — некропола од доцноантичкото време; Петте Дабје — некропола од доцноантичкото и римското време; Пештера Јаорец — Засолниште од палеолитското време; Писан Камен — некропола од железното време; Попов Дол — некропола од доцноантичкото време и раниот Среден век; Селиште Јаорец — населба од развиениот и доцниот среден век; Селце — населба од развиеното средновековие; Скала — раносредновековна населба и некропола; Скала — топилница од доцноантичкото време; Средна Горица — ранословенска некропола; Црквиште — раносредновековна црква и некропола; Шивлица — раносредновековна црква; Велмеј; Список на археолошки наоѓалишта во Дебрца; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Велмеј