Брзината во книжевноста се однесува на брзината со која се раскажува приказната, што не ја опфаќа брзината со која се одвива самата приказна. Бројот на зборови кои се потребни за да се напише одреден настан не зависи од тоа колку време требало за да се одвива тој настан, туку од тоа колку е важен тој момент во приказната. Брзината се определува со должината на сцените, колку брзо се одвива дејството и колку брзо се информира читачот. Брзината понекогаш е диктирана и од жанрот на приказната, па така, комедиите се одвиваат побрзо за разлика од драмите, а пак авантурите се побрзи од трилерите.
Методи Раскажувачите имаат бројни алатки на раполагање за влијание врз брзината или темпото на приказината. Таквите алатки се на пример раскажувањето (нарација), дејството, описот и дијалогот. Нарацијата и описот во принцип се поспори, постепени, додека акцијата и дијалогот се побрзи. Од сите книжевни алатки, дијалогот најбрзо го поставува ликот и дејството во сегашен момент. Брзината може да се забрза преку:
прескокнување на сцени прескокнување логични секвенци на настани кратки сцени често параграфирање кратки реченици дијалог дејство активен залог (директен говор) и агресивни глаголи отстранување на површински зборови и фрази и непотребни придавки и прилози
Од другата страна пак приказната може да се успори преку: опис и нарација интерспекција
Заплет Дијалогот е елементот кој ги „оживува“ приказната и ликовите, „дејството“ создава движење, а „нарацијата“ ѝ дава длабочина и суштина на приказната. Пишување приказна/ расказ значи заплетување на сите овие елементи заедно. Кога ова ќе се направи како што треба, се добива убава композиција. Брзината е можеби најчестиот елемент за кој треба да се обрне внимание за тоа кога треба и кога не треба да заплете дијалогот, нарацијата и дејството. Забрзувањето на дејството често инволвира дијалог како најдоминантен елемент за забрзување. Кога има потреба од успорување на самата приказна, дијалогот се избегнува.
Наводи
Литература
Категорија:Книжевни техники Категорија:Наратологија Категорија:Раскажувачки техники