Црквиште — археолошко наоѓалиште во селото Мешеишта во областа Дебрца. Претставува средновековна црква и некропола. Се наоѓа на околу 400 м јужно од последните куќи на селото и околу 800 м источно од патот Охрид-Кичево. Во просторот обраснат со вегетација, се наоѓаат остатоци од еднокорабна црква со индиции за некропола јужно од неа.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 252, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Горно Поле — населба од доцноантичкото време; Горно Црквиште - На Мартинец — средновековна црква; Зад Лозја — доцносредновековна населба; Криви Загони - Лозишта — некропола од доцноантичкото време; Редеш — населба од доцноантичкото време; Св. Илија — населба од железното време и средновековна црква; Селиште Ивани — средновековна црква и некропола; Црвени Брегови — раносредновековна црква и некропола; Црква Св. Петар — доцносредновековна црква и некропола; Чешмите - Магда — населба и некропола од доцноантичкото време; Мешеишта; Список на археолошки наоѓалишта во Дебрца; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Мешеишта