Преслоп — археолошко наоѓалиште во селото Слатино во областа Дебрца. Претставува раносредновековна некропола. Се наоѓа на околу 2 км источно од селото и на околу 100 м северно од Слатинско Градиште. Претставува превој на северното подножје, блага падина на која се забележуваат остатоци од старословенски гробишта, со насоченост исток-запад. Овие гробови би можеле да имаат врска со средновековното население од наоѓалиштето Градиште.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 276, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Бањи - Бигори — населба од римското време; Градиште — утврдена населба од доцноантичкото време и раниот Среден век; Избичани — средновековна населба; Калуѓероец — средновековен сакрален објект; Св. Јован Бигорски — раносредновековна црква; Селце — средновековна населба; Слатино; Список на археолошки наоѓалишта во Дебрца; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи

Категорија:Слатино (Охридско)