Шарланди — археолошко наоѓалиште во светиниколското село Аџибегово. Претставува средновековна населба и некропола. Близу до утоката на Светиниколска Река во Брегалница, на околу 3,5 км од селото, на површината се среќаваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал. Има и гробови градени од камени плочи, поставени во правец запад-исток. Во 60-тите години биле најдени белезици од стаклена паста и друг средновековен накит.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 346, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Могила — могила — некропола од доцноантичкото време и средниот век; Аџибегово; Список на археолошки наоѓалишта во Светиниколско; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Аџибегово