Основно училиште „Браќа Миладиновци“ (официјално: Општинско основно училиште „Браќа Миладиновци“ - Добрушево; скратено: ООУ „Браќа Миладиновци“) — централно основно училиште во селото Добрушево, Општина Могила.

Училиштето е именувано по македонските преродбеници и писатели Браќа Миладиновци.

Местоположба

Објектот на училиштето се наоѓа на влезот на селото, непосредно од левата страна на патот кој води од Ношпал.

Настава

Во училиштето се изведува настава од прво до деветто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.

Подрачни училишта

Во склоп на училиштето се следните подрачни училишта: ПУ „Браќа Миладиновци“ - Дедебалци; ПУ „Браќа Миладиновци“ - Мусинци; ПУ „Браќа Миладиновци“ - Ношпал; и ПУ „Браќа Миладиновци“ - Будаково-Трап.

Од нив, единствено во подрачното училиште во Дедебалци се одвива настава од прво до деветто одделение, додека во останатите настава од прво до петто одделение.

Познати ученици Г.Г. Стефан (р. 1955) - Архиепископ Охридски и Македонски.

Галерија

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Могила Добрушево Категорија:Добрушево Категорија:Основни училишта во Македонија