Гробишта — археолошко наоѓалиште во светиниколското село Патетино. Претставува средновековна црква и некропола. На западната периферија на селото, крај селските гробишта се гледаат темели од правоаголен објект — црква со апсидален дел на источната страна и со димензии од 8 × 4 м. Околу црквите се откриени покривни плочи од гробни конструкции.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 357, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Патетино; Список на археолошки наоѓалишта во Светиниколско; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи

Категорија:Патетино