Хелсиншкото метро (, ) е метро систем кој служи во Голем Хелсинки, Финска. Тоа е најсеверниот метро систем во светот. Хелсиншкото метро било отворено за пошироката јавност на 2 август 1982 година по 27 години планирање. Со него управува Градскиот превоз Хелсинки за Претријатието за хелсиншки регионален превоз и пренесува 63 милиони патници годишно.
Метро системот се состои од 2 линии, кои опслужуваат вкупно 25 станици. Има вкупна должина од 35 km Метрото служи како главна железничка врска помеѓу предградијата на Источен Хелсинки и западните предградија во градот Еспоо и центарот на Хелсинки.
Линијата поминува под Централната станица Хелсинки, дозволувајќи им на патниците да се префрлат до и од патната железничка мрежа во Хелсинки, вклучително и возови од Прстеновата железничката линија до Аеродромот Хелсинки.
Наводи
Надворешни врски
HKL Metro - Службено мрежно место (на фински) Градски превоз Хелсински (на фински) Мрежно место на метрото на Финското трамвајско општество Хелсинки на UrbanRail.net Фотографии од метрото во Хелсинки Слики од Хелсиншкото метро Мапа на Хелсиншкото метро
Категорија:Хелсинки Категорија:Подземни железници