Луј Антоан Леон де Сен-Жист (; 25 август 176728 јули 1794) бил јакобински водач за време на Француската револуција. Тој бил близок пријател на Максимилијан Робеспјер и служел како негов најдоверлив сојузник за време на владеењето на јакобинците (1793–94) во Француската Прва Република. Сен-Жист работел како законодавец и воен комесар, но постигнал траен углед како олицетворение на владеењето на теророт. Тој јавно ги доставувал обвинителните извештаи што произлегувале од Робеспјер и Комитетот за јавен спас и ја бранел употребата на насилство врз противниците на владата. Тој ги надгледувал апсењата на некои од најпознатите личности на Револуцијата и ги дочекал многу од нив на гилотина. За неговата неотстапнa сериозност, подоцна историчарите го нарекле „Ангел на Смртта“.

Од својот почеток во 1789 година, Револуцијата го воодушевила младиот Сен-Жист, кој се обидел да заземе водечка улога. Рано, тој станал командант во неговата локална единица на Националната гарда. Набргу откако ја достигнал минималната законска возраст од 25 години во август 1792 година, тој победил на изборите за делегат во Националната конвенција во Париз. И покрај недостатокот на евиденција или влијание, Сен-Жист смело го осудил кралот Луј Шеснаесетти од говорницата и го предводел успешното движење за да биде погубен. Неговата смелост му донела политичко признание и трајна корист кај Робеспјер. Сен-Жист му се придружил на Комитетот за јавен спас и подоцна отслужил мандат како претседател на Конвенцијата. Тој бил примарен автор на радикалното законодавство на јакобинците, како што се Вантозовските декрети и Уставот од 1793 година.

Испратен како надзорник на армијата за време на нејзините несигурни почетоци во Француските револуционерни војни, Сен-Жист ѝ наметнал сурова дисциплина. Во исто време, тој осигурил трупите да бидат заштитени со новиот антиаристократски поредок ветен од Револуцијата. Бил признат како заслужен од многумина за заживување на армијата на фронтот. Овој успех како претставник на мисијата довел до уште две посети на фронтот, вклучувајќи го и признатото учество во големата Битка кај Флерија.

Во текот на целата своја законодавна и воена работа, Сен-Жист останал најпосветен на неговата улога како политички бранител на Робеспјер. Тој јавно ги осудил непријателите на владата на јакобинците како заговорници, криминалци и предавници и бил немилосрден во неговата примена на насилство. Тој ги подготвил смртните казни за водачот на партијата на крупните капиталисти (Жиронда) Жак Пјер Брисо и неговите колеги жирондинци; за екстремистичкиот водач Жак Ебер и неговите милитантни приврзаници; и за неговиот поранешен колега Жорж Дантон и другите јакобински критичари на Теророт, како новинарот Камиј Демулен. Додека се зголемувал бројот на погубени, противниците на крајот извршиле успешен државен удар. Сен-Жист и Робеспјер биле уапсени во крвавиот пуч на 9 термидор (27 јули 1794 година) и погубени следниот ден заедно со многу нивни сојузници. Во повеќето историски објаснувања на Револуцијата, нивната смрт на гилотина го означува крајот на владеењето на теророт и почетокот на новата фаза, Термидорската реакција.

Ран живот Луј Антоан де Сен-Жист е роден во Десиз во поранешната провинција Ниверне во централна Франција.Ten Brink, p. 105. Тој бил најстарото дете на Луј Жан де Сен-Жист де Ришбург (1716–1777), пензиониран офицер во француската коњаница (и витез со Орден на Сент Луј),Vinot (edition Fayard), p. 16. и Марија-Ана Робино (1736–1811), ќерка на нотар.Vinot (edition Fayard), p. 17. Имал две помлади сестри, родени во 1768 и 1769 година. Семејството подоцна се преселило на север и во 1776 година се населило во селото Блеранкур во поранешната провинција Пикардија, востановувајќи се како рурално благородничко семејство што живее од изнајмувања на нивната земја. Една година по преселбата, таткото на Луј Антоан починал, оставајќи ја сопругата со нивните три деца. Таа заштедила пари за едукација на нејзиниот единствен син и во 1779 година бил испратен во училиштето Société de l'Oratoire de Jésus et de Marie Immaculée во Соасон. После светол почеток, неговите учители наскоро го сметале Сен-Жист како проблематичен ученик - една репутација која подоцна била измешана од неславни приказни (скоро сигурно неавтентични) за тоа како тој кренал востание на учениците и се обидел да го запали училиштето.Vinot (edition Fayard), p. 41. Како и да е, тој дипломирал во 1786 година.Hampson, p. 4.

Неговата нервозна природа, сепак, не се намалила. Како млад човек, Сен-Жист бил „гневен, убавец и престапник“.Scurr, p. 132. Добро поврзан и популарен меѓу луѓето, тој покажал посебна љубов кон една млада жена од Блеранкур, Тереза Геле. Таа била ќерка на богат нотар, моќен и автократски човек во градот, а тој сè уште бил неистакнат адолесцент. За него се вели дека ѝ предложил брак, за што се вели дека прифатила.Hampson, p. 5. Иако не постојат докази за нивната врска, официјалните записи покажуваат дека на 25 јули 1786 година, Тереза се омажила со Емануел Торин, потомок на истакнато локално семејство. Сен-Жист бил надвор од градот и не бил свесен за настанот, а традицијата раскажува срцето му било скршено. Без оглед на неговата вистинска состојба, познато е дека неколку недели по бракот тој ненајавено заминал од дома за Париз, собрал пар пиштоли и добра количина сребро на неговата мајка.Hampson, pp. 5–6. Неговиот потфат завршува кога мајка му испратила полиција да го уапси и го испратила во поправен дом каде престојувал од септември 1786 до март 1787 година. Смирен, Сен-Жист се обидел повторно да започне: се запишал како студент на Правниот факултет на Универзитетот во Ремс.Vinot (edition Fayard), pp. 57–58. После една година, сепак, тој го напуштил правниот факултет и се вратил во домот на неговата мајка во Блеранкур без пари, без никакви професионални можности.Hampson, pp.6–9.

Рана револуционерна кариера алт=A rustic country house|десно|мини| Домот на Сен-Жист во Блеранкур, сега е музеј и туристички центар. Брзиот развој на Револуцијата во 1789 година ја соборила традиционалната структура на моќ во Блеранкур. Нотарот Геле, претходно неспорен градски водач, бил предизвикан од група реформисти, предводени од неколку пријатели на Сен-Жист, меѓу кои и сопругот на неговата сестра Лујза.Hampson, pp. 22–23. Нивните обиди биле неуспешни до 1790 година кога Блеранкур ги одржал своите први отворени општински избори. Овластена од Националното конститутивно собрание, новата изборна структура им овозможила на пријателите на Сен-Жист да ја преземат власта во селото како градоначалник, секретар и, во случајот на неговиот зет, шеф на локалната Национална гарда. И покрај тоа што не ги исполнувал законските квалификации и даночните квалификации, на невработениот Сен-Жист му било дозволено да ѝ се приклучи на гардата.Hampson, pp. 21–24.

Веднаш покажал немилосрдна дисциплинираност за која ќе стане познат. За неколку месеци станал командант, со чин полковник.Hampson, p. 24. На локалните состаноци ги фасцинирал присутните со својата патриотска ревност и талент: во една многу повторувана приказна, Сен-Жист ги расплакал членовите на градскиот совет со ставање на својата рака во пламенот на запален антиреволуционерен памфлет, заколнувајќи се за својата посветеност кон Републиката.Hampson, p. 26. Тој имал моќни сојузници кога се обидувал да стане член на изборното собрание на неговиот округ. Започнува преписка со познати водачи на Револуцијата како Камиј Демулен.Hampson, p. 27. Кон крајот на 1790 година, тој за првпат му пишува на Робеспјер, барајќи од него да разгледа една локална петиција. Писмото било исполнето со највисоки пофалби, почнувајќи: „Вие, кои ја поддржувате нашата вознемирена земја против поројот на деспотизам и интриги; вие кого го познавам, како што го познавам Бог, само преку неговите чуда.“Thompson, p. 109. Преку нивната преписка, двајцата развиваат „длабоко и мистериозно пријателство што ќе трае до денот кога тие умираат заедно.“Scurr, p. 121.

Делегат во Конвенцијата Меѓу делегатите, Сен-Жист бил буден, но во прво време малку комуницирал. Тој се приклучил на парискиот Јакобински клуб, и останува настрана од жирондинците.Hampson, pp. 78–79. Тој чекал до 13 ноември 1792 година да го одржи својот прв говор во Конвенцијата, но кога го одржал, ефектот бил спектакуларен. Она што го донел на говорница била дискусијата за тоа како да се третира кралот после бегството и неговото фаќање во Варен.Hampson, p. 82.Jordan, p. 67.

На кралот му се судело во Конвентот во јануари 1793 година, по претходно држење во изолација. На една страна во Конвентот биле жирондинците кои не го поддржувале судењето, а на спротивната страна биле монтањарците кои барале смртна казна. Жирондинците го добиле името од областа Жиронда во југозападна Франција, со главен град Бордо. Тие воделе поумерена политика, ја заштитувале сопственоста, барале федеративно уредување, претставничка демократија и ред во општеството. Монтањарците го добиле името од зборот „планинци“ (montagnards), поради тоа што во Конвентот седеле на горните клупи, на повисоко место.

По говорот на Антоан Сен-Жист во Конвентот, Луј XVI е прогласен за тиранин, а тоа во исто време значело и осуда на смрт. Одлуката за погубување на кралот била донесена во напната атмосфера, без можност за компромисно решение. Најмладиот делегат, меѓу 749 членови на Конвентот, Сен-Жист бил главен говорник во расправата и најлут противник на кралот, релативно млад (1754-1793). Зборувал како вистински манихеец, поставувајќи го прашањето во форма - едно или друго: „Осудете го кралот или народот!“.

За смртна казна гласале 380, а против биле 310 члена на Конвентот. Против смртната казна биле Кондорсе, Лафајет и Томас Пејн, но и тие не можеле да го запрат мнозинството во Конвентот. Од спротивната страна биле Мара, Дантон, Демулен, Сен-Жист и Робеспјер. Тие биле помоќни од првата група, бидејќи веќе ја држеле извршната власт во свои раце. Кралот е осуден за предавство на земјата бидејќи барал надворешна интервенција. Кралот Луј XVI е погубен на 21 јануари 1793 година, по кратка постапка како и другите осудени на гилотина. Говорот на Сен-Жист бил пресуден бидејќи не оставал сомнеж во праведноста на пресудата: „Не е возможно да се владее и да се биде невин. Да се верува во такво нешто значи преголема лудост. Секој крал е узурпатор.“ Говорот на младиот заменик ја наелектризирал Конвенцијата.Hampson, p. 85.Schama, p. 651. Сен-Жист бил прекинуван честопати од бури аплауз.Hampson, p. 86. Робеспјер бил особено импресиониран - тој зборувал од говорница следниот ден со изрази скоро идентични со оние на Сен-Жист,Scurr, pp. 221–222. и нивните ставови станале официјална позиција на јакобинците.Walzer, pp. 121–130. До декември, таа позиција станала закон: Кралот бил одведен на судење пред Конвенцијата, осуден на смртна казна и погубен на гилотина на 21 јануари 1793 година.Hampson, p. 87.

За разлика од Чарлс I, францускиот крал поприродно ја примил смртната казна. Тој изјавил само дека е невин и не го оспорувал легитимитетот на Револуционерниот трибунал. За разлика од него, Чарлс I не го признавал легитимитетот на Парламентарниот суд и ниту во еден момент не помислувал да бара милост или некој да го брани. Дури поблиските пријатели ги замолил да не го допираат сечилото на ножот за да не ја отапат неговата острина.

Апсење на жирондинците