Попови Ливади или Стара Црква — археолошко наоѓалиште во светиниколското село Сопот. Претставува средновековна населба и некропола. На 800 м североисточно од селото, на зарамнетото плато се гледаат остатоци - темели од сакрален објект со димензии од 10 × 5 м, насоченост исток-запад. Во непосредната близина на објектот се среќаваат големи камени плочи од гробни конструкции. Во нивата на еден жител, при обработувањето на земјата се јавува градежен материјал (камен, тула), но и фрагменти од керамички садови и питоси.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 359, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Балева Чешма - Аниште — населба од доцноантичкото време; Крстовец — средновековна некропола; Мидарови Трла — могила од римското време; Сопот — осамени наоди од римското време; Сопот; Список на археолошки наоѓалишта во Светиниколско; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи

Категорија:Сопот (Светиниколско)