Скопје фест (понекогаш и: Скопски фестивал) — музички фестивал во Скопје, основан во 1968 година во организација на Радио-телевизија Скопје (денес МРТ). Првото издание било одржано под името „Скопје 68“ во Универзална сала во Скопје и продолжил до 1980. Во ова кратко време, фестивалот станал еден од најголемите музички настани во Југославија. Скопје фест било местото каде познати македонски пејачи како Славе Димитров, Зафир Хаџиманов, Нина Спирова, настапувале заедно со југословенски изведувачи. Публиката уживала во повеќе од 50 песни.
Откако Македонија се осамостоила од Југославија, Скопје фест оживеал во 1994, и ја презел титулата за прв музички фестивал на Македонија од Макфест. Фестивалот вклучува некои од најдобрите македонски изведувачи, пеејќи изворни песни испратени до МРТ, обично придружувани од оркестарот на МРТ (освен некои од последните изданија). Во одделни периоди, фестивалот бил користен и како национален избор за Песна на Евровизија.
Историја
Прво издание: „Скопје 68“ (1968) Првиот фестивал на македонската забавна музика бил одржан на 26 јуни 1968 година во Универзалната сала во Скопје. Биле изведени 12 композиции од домашни композитори, а песните биле изведени од страна на 15 пејачи (дел од нив во алтернации/дуети). Настанот бил пренесуван и на Телевизија Скопје.
Во програмата, покрај солистите, настапиле и составите „Безимени“ и „Бис-Без“, како и вокалниот квартет „Ехо“. За дел од композициите се достапни снимки на интернет (види „Надворешни врски“).
Програма (1968) ПеснаИзведба (наведени алтернации/дуети)Композитор„Без повраток“Тихомир Петровиќ (алтернација: Зоран Милосављевиќ)Драган Ѓаконовски - Шпато„Месечево ноктурно“Елда Вилер (алтернација: Тихомир Петровиќ)Љубомир Бранѓолица„Јужна ѕвезда“Крста Петровиќ (алтернација: Зоран Георгиев)Александар Џамбазов„Срамежливи“Виолета Томовска — Диме Поповски (алтернација: Љупка Димитровска - Зафир Хаџиманов)Александар Џамбазов„На тој ден“Сека Којадиновиќ (алтернација: Славе Димитров)Славе Димитров„Мелодија за нас“Елда Вилер (алтернација: Зоран Милосављевиќ)Христо Крстевски„Шеговита песна“Ирена Кохонт — Жарко Данчуо (алтернација: Виолета Томовска — Зафир Хаџиманов)Љубомир Бранѓолица„Земи го овој цвет“Сека Којадиновиќ — Златко Голубовиќ (алтернација: Диме Поповски)Трајче Органџиев„Планино моја рудино“Виолета Томовска (алтернација: Диме Поповски)Јане Коџабашија„Битници, хипици“Љупка Димитровска (алтернација: Златко Голубовиќ)Димитар Масевски„Твоите очи“Зоран Милосављевиќ (алтернација: Жарко Данчуо)Петар Пешев„Неповратни дни“Зафир Хаџиманов (алтернација: Лиљана Петровиќ)Драган Ѓаконовски - Шпато
Награди (1968) Награди на публиката (први три места):
1. награда: Александар Џамбазов — „Срамежливи“ (интерпретации: Виолета Томовска — Диме Поповски; Љупка Димитровска — Зафир Хаџиманов) — 3.000 динари 2. награда: Јане Коџабашија — „Планино моја рудино“ (интерпретации: Виолета Томовска; Диме Поповски) — 2.000 динари 3. награда: Трајче Органџиев — „Земи го овој цвет“ (интерпретации: Сека Којадиновиќ; Диме Поповски) — 1.000 динари
Награда на стручното жири: Љубомир Бранголица — „Месечево ноктурно“ (интерпретатори: Лиљана Петровиќ и Тихомир Петровиќ) — 3.000 динари.
Награда за текст: Ѓоко Георгиев — текст за „Планино моја рудино“ (композитор: Јане Коџабашија) — 100.000 стари динари.
Дополнителни признанија (1968):
„Најведра мелодија“: „Срамежливи“ (Александар Џамбазов) — 1.000 динари „Најдобар пеач“ (неофицијално новинарско жири): Тихомир Петровиќ (за изведбата на „Месечево ноктурно“)
Во медиумските извештаи е забележан и случај со најавениот учесник Златко Голубовиќ, кој по телеграма испратена на денот на почетокот на фестивалот не настапил, по што една од песните била изведена во изменета форма (без алтернација).
Второ издание: „Скопје 69“ (1969) Вториот фестивал на забавни мелодии „Скопје 69“ се одржал на 15 ноември 1969 година во Универзалната сала во Скопје. Фестивалот бил организиран како дел од прославата на 25-годишнината на Радио Телевизија Скопје.Почнува фестивалот „СКОПЈЕ 69“ (непознат дневен печат). ноември1969.
На фестивалот биле изведени 12 композиции во два аранжмана. Изведувачите ги придружувал Фестивалскиот оркестар под диригентство на Александар Џамбазов и Драган Ѓаконовски — Шпато. Водители на манифестацијата биле Бранка Станковска и Ацо Ацев.
Покрај солистите, настапиле и групите „Безимени“, „Бис-Без“, „Македонски секстет“, ансамблот „Чичак“, „Београд диск“ и квартетот „Адмира“.Скопје 1969 (непознат дневен печат) ноември1969.
Програма (1969) ПеснаИзведба (алтернации/дуети)Композитор„Некогаш и ти ќе бидеш сам“Лидија Кодрич (алт: Ансамбл „Чичак“)Мирко Шоуц„О, езеро мое“Нина Спирова (алт: Ирена Кохонт)Љубомир Бранѓолица„Крај на нашата љубов“Славе Димитров (алт: Зоран Милосављевиќ)Славе Димитров„Ирена“Григор Копров (алт: Тихомир Петровиќ)Љубомир Бранѓолица„Дај ми збор“Диме Поповски (алт: Ансамбл „Београд диск“)Славе Димитров„Како Струга нема друга“Квартет „4М“ (алт: „Македонски секстет“)Александар Џамбазов„Македонски кавал“Христо Крстевски (алт: Виолета Томовска)Христо Крстевски„Даниела“Љупка Димитровска (алт: ВИС „Бис-Без“)Драган Ѓаконовски — Шпато„Гласот на срцето“Лада Кос (алт: Ладо Лесковар)Трајче Органџиев„Соул Македонијо“Миро Унгар (алт: ВИС „Безимени“ со Армен Сурмејан)Љубомир Бранѓолица„Билјана“Лео Мартин (алт: Ѓани Маршан)Александар Џамбазов„Довидување“Јосипа Лисац (алт: Елда Вилер)Александар Џамбазов (Извор: Официјална програма и прес-клипинг од фестивалот)
Награди (1969)
Награди на публиката
Љубомир Бранѓолица — „Соул Македонијо“ (интерпретација: Миро Унгар и ВИС „Безимени“) Александар Џамбазов — „Билјана“ (интерпретација: Лео Мартин и Ѓани Маршан) Славе Димитров — „Крај на нашата љубов“ (интерпретација: Славе Димитров и Зоран Милосављевиќ)
Награди на стручното жири (Жири комисија во состав: Томислав Зографски, Бранко Глигоров, Ладислав Палфи, Влада Урошевиќ и Димитар Масевски)
Прва награда: Љубомир Бранѓолица — „Езеро мое“ (интерпретација: Нина Спирова и Ирена Кохонт) Втора награда: Александар Џамбазов — „Довидување“ (интерпретација: Јосипа Лисац и Елда Вилер) Трета награда: Делена помеѓу Славе Димитров („Крај на нашата љубов“) и Љубомир Бранѓолица („Соул Македонијо“)
Други признанија
Награда на Друштвото на композиторите на Македонија: Љубомир Бранѓолица (за „Езеро мое“). Награда за најдобар текст: Ѓоко Георгиев. Специјална награда од ревијата „Журнал“ (уметничка слика): Љубомир Бранѓолица.
Хуманитарен гест Победниците Љубомир Бранѓолица и Александар Џамбазов своите парични награди ги донирале за настраданите од земјотресот во Бања Лука (октомври 1969).Најмногу награди за Љубомир Бранѓолица (непознат дневен печат) ноември 1969
Трето издание: „Скопје 70“ (1970)
Главна статија: Скопје 70 (фестивал)
Третото издание на фестивалот, одржано под името „Скопје 70“, се одржало на 12, 13 и 14 ноември 1970 година во Универзалната сала во Скопје. Организатор била Радио-телевизија Скопје. За разлика од претходните две изданија, фестивалот траел три вечери, со два натпреварувачки дена и финална вечер.
На фестивалот биле изведени 19 композиции во две верзии, а настапиле околу 40 вокални солисти и вокално-инструментални состави од повеќе југословенски центри. Музичката придружба ја изведувал Големиот забавен оркестар на Домот на ЈНА од Белград, а сите три фестивалски вечери биле директно пренесувани од Радио Скопје и Телевизија Скопје.
Првата награда на фестивалското жири ја добила композицијата „Последен ден на разделбата“ од Драган Ѓаконовски. Втората награда ја добила „Сети се“ од Љубомир Бранѓолица, а третата „Да нема разделби“ од Александар Џамбазов. Според гласовите на публиката, првото место го освоила „Земи момче Македонче“ од Александар Кораќ, во изведба на Зафир Хаџиманов и Златко Голубовиќ.
Во тогашниот печат „Скопје 70“ бил забележан и по пофестивалските критики и полемики, меѓу кои се спомнуваат организациски пропусти, реакции околу најавувањето на авторите, измени во текстови на песни, критики за изговорот на македонскиот јазик кај дел од изведувачите, како и осврти за сценскиот изглед на учесниците.
Победници ГодинаПеснаИзведувач(и)1968„Срамежливи“Виолета Томовска — Диме Поповски Љупка Димитровска — Зафир Хаџиманов1969„Соул Македонија“Безимени1971„Само ти“Зоран Милосављевиќ Мики Јевремовиќ1972„Камен“ „Слушни ги тишините“Тихомир Петровиќ Слободанка Петкова1973„Љубовта е игра“Зафир Хаџиманов1974„Секоја љубов една летна ноќ“Алка Вуица1978„Градот“Љубиша Стојановиќ1994„Без тебе“Тоше Поп Симонов1995„Засекогаш“Ластовица1996„Магија“Игор Џамбазов1997„Викенд љубов“Дарио & Миг 211998„Не зори, зоро“Владо Јаневски1999„Сејачот“Сашо Гигов Гиш2000„100% те љубам“XXL2001„Носталгија“Андријана Јаневска2002„Од нас зависи“Каролина2007„Мојот свет“Каролина2008„Во име на љубовта“Тамара Тодевска, Врчак и Адријан Гаџа2009„Нешто што ќе остане“Некст Тајм2010„Јас ја имам силата“Ѓоко Танески2011„Русинка“Влатко Илиевски2013„Ќе те чекам јас“Ламбе Алабаковски2014„Лисја Есенски“Даниел Кајмакоски2015„Убава“Ај Кју
Евровизија Во повеќе изданија, фестивалот бил користен и како национален избор за претставникот на Македонија на Евровизија 1998. На пример, во рамките на „Скопје фест 1998“ победил Владо Јаневски со песната „Не зори, зоро“.
Наводи
Надворешни врски
Профил страна за Скопје фест на ВБУ Музички регистар. „Срамежливи“ — (YouTube) „Без повраток“ — Квартет „Импулси“ (снимка со Квартет „Импулси"; од албумот „Драган Ѓаконовски — Шпато / Музичка легенда“, 2025) — (YouTube) „На тој ден“ (Славе Димитров) — изведба: Вера Јанкова; албум „Славе Димитров: Фестивалски мелодии 1“ (2025) — (Shazam) „Планино моја рудино“ (Јане Коџабашија) — изведба: Диме Поповски — (YouTube) „О, езеро мое“ — Нина Спирова (YouTube) „Крај на нашата љубов“ — Славе Димитров (volt.fm) „Дај ми збор“ — Славе Димитров; изведувач: Диме Поповски (YouTube) „Даниела“ — Драган Ѓаконовски — Шпато; изведба: Љупка Димитровска (YouTube)
Категорија:Музички фестивали во Македонија Категорија:Музика во СФРЈ Категорија:Појавено во 1968 година во Македонија Категорија:Култура на Скопје