„Во ритамот на срцето“ (, 2017 година) е американски анимиран краток филм во продукција на Ринглинговиот колеџ за уметност и дизајн. Режисерите Естебан Браво и Бет Дејвид се и сценаристи на филмот, кој беше финансиран преку платформата Кикстартер. На оваа донаторска платформа, тимот собра преку 14.000 американски долари од повеќе од 400 поддржувачи. Краткиот филм ја раскажува приказната за прикриената хомосексуалност на едно момче кое има симпатии кон негов соученик и неговото срце сака да се заедно. „Во ритамот на срцето“ доби бројни позитивни критики во разни медиуми и беше на кратката листа за Оскар за најдобар анимиран краток филм.

Наводи

Категорија:Кратки филмови Категорија:Цртани филмови Категорија:Филмови од 2017 година Категорија:Американски филмови