Скерлетната буква (германски: Der scharlachrote Buchstabe) - германски филм од 1973 година во режија на Вим Вендерс. Филмот е адаптација на истоимениот роман на Натаниел Хоторн, а главните улоги ги играат: Санта Бергер, Лу Кастел и Ханс Кристијан Блех.
Синопсис Дејствието на филмот се одвива во Салем, во 17 век. Естер Прин е осудена да ја носи црвената буква А, затоа што родила вонбрачно дете. Во текот на седум години, таа одбива да го открие таткото. Тогаш, во градот се појавува еден необичен странец, кој е сопругот на Естер. Тој открива дека таткото на детето на Естер е локалниот свештеник, која потоа паѓа во психичка криза и најпосле ја признава својата вина..HRT, Der scharlachrote Buchstabe, njemačko-španjolski film (12) - Retrospektiva Wima Wendersa (пристапено на 18.5.2020)
Наводи
Категорија:Филмови на германски јазик Категорија:Филмови од 1973 година Категорија:Филмови на Вим Вендерс Категорија:Германски филмови Категорија:Филмови со Ханс Кристијан Блех Категорија:Филмови со Санта Бергер Категорија:Филмови со Лу Кастел Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во САД Категорија:Филмови засновани на романи